Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура среде шума
На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевува на прв поглед како архитектонско здание и е сам по себе ремек-дело, а благодарение на линеарниот дизајн, прави минимални промени на топографијата и пејзажот, кој е составен дел од секоја единица на градбата.

Станува збор за Zigzag Resort, лоциран над брегот на Химаре, а е дизајниран од страна на JA Joubert Architecture во соработка со UNS Architects.
Ресортот е дизајниран многу промислено, а се приспособува и ја следи постоечката топографија на крајбрежјето, со минимални промени на пејзажот и околината, благодарение на својата цик-цак форма.
Со одличниот дизајн, максимално се искористуваат прекрасните погледи на околината и неверојатниот пејзаж околу морето, а секоја единица од ресортот ќе има поглед кон истиот, без другиот дел да го попречува.

Со линеарната поставеност, се задржува и визуелниот континуитет, како и еколошкиот, со оглед на тоа што ќе се користи соларна топлина, природна вентилација и уште многу други енергетски ефикасни стратегии и системи кои овозможуваат да не се загрозува околината.

Природата е составен дел од секоја единица на ресортот кој се протега на 30,000m², а линеарните тераси, градините, луксузниот изглед и бесконечните базени со поглед на Јонското Море оставаат без здив и ги поместуваат стандардите за албанскиот туризам.

Погледнете повеќе фотографии од проектот:











М. М. | Црнобело
