Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грција во 2025?

Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на вечера во еден локален ресторан, оставил бакшиш од 10.000 евра.

ronaldo-so-jahta-niz-egejsko-more-kajli-djener-na-kefalonija-koi-svetski-dzvezdi-letuvaa-vo-grcija-vo-2025-01.jpg

Грција отсекогаш важела за омилена дестинација на луѓето од регионот, но последниве години сè повеќе го привлекува вниманието и на светските ѕвезди.

Некои од нив избираат да летуваат во луксузни хотели, други плаќаат приватни вили, трети, пак, крстарат на скапи јахти.

Кои светски ѕвезди ја избраа Грција како место за одмор и ја посетија ова лето?

Кајли Џенер на Кефалонија

Ријалити ѕвездата и бизнисменка ова лето помина неколку дена на грчкиот остров Кефалонија.

Таа е фотографирана додека вечерала во ресторан во гратчето Фискардо, а сопствениците на ресторанот на Инстаграм Стори споделиле фотка со славната гостинка.

Грчките медиуми пишуваат дека таа била сместена во луксузна вила со приватно обезбедување.

ronaldo-so-jahta-niz-egejsko-more-kajli-djener-na-kefalonija-koi-svetski-dzvezdi-letuvaa-vo-grcija-vo-2025-08.jpg

@tasiabalaska

#kefaloniagreece #foruyou #tasiarestaurant @Kylie Jenner

♬ Souvenir - supwel

Шеикот на Катар, Хасим бин Хамад Ал Тани, со својата јахта бил закотвен близу островот Скопелос

Катарскиот шеик две децении одел на летување близу Скијатос.

Неговата јахта е импресивна - долга 135 метри, со 5 ката, подводни простории, базен, кино, мини хелиодром.

Пред да пристигне во Грција, шеикот бил во Хрватска.

ronaldo-so-jahta-niz-egejsko-more-kajli-djener-na-kefalonija-koi-svetski-dzvezdi-letuvaa-vo-grcija-vo-2025-06.jpg

Мајкл Џордан со јахта по Јонското Море + Атина

Кошаркарската легенда крстареше по Јонско Море со својата приватна јахта.

Тој ја посети и Атина, каде што, според медиумите, оставил 10.000 евра бакшиш во ресторанот во кој вечерал со сопругата.

@vassolous

#michaeljordan #athens #2025 #summer #basketball #greece #greecetiktok #chicagobulls

♬ Sirius - Eye in the Sky - Live - Alan Parsons

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Листа со цени за лежалки во бич барови на вториот крак во Грција за лето 2026 На рајската плажа Kavourotripes може да користите лежалки само со нарачан пијала...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
7 најубави плажи на атинската ривиера во Грција – спој на луксуз, идилична атмосфера и чисто море Astir Beach е за оние кои сакаат луксузно бегство покрај море со сини води и ели...

Најчитани неделава