10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит?
Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5 плажи се во Грција, на островите Кефалонија, Крит, Крф и Антипаксос - која ќе ви биде фаворит и дали летово ќе посетите некоја?

Нема сомнеж дека во Европа се наоѓаат многу убави плажи, со нереални пејзажи, каде убавина ќе пронајдат и оние кои бараат мир, но и оние кои сакаат авантура, а кристално чистите води и незаборавни зајдисонца се загарантирани.
European Best Destinations ја составија листата со најдобри плажи во Европа за 2026, а дури 5 од нив се наоѓаат во Грција, но и останатите се лесно достапни.
Оваа година, во листата се одбрани плажи кои овозможуваат патувачите да се ослободат од секојдневниот стрес и повеќе да се конектираат со природата и спектакуларните крајбрежни глетки.
Погледнете кои се најдобрите 10 плажи за лето 2026:
Monte Clerigo – Алгарве, Португалија

Voutoumi Beach – Антипаксос, Грција

Fteri Beach – Кефалонија, Грција

Elafonisi Beach – Крит, Грција

Bogliasco Beach - Италија

