Два модерни бич бара во Паралија се хит за лето 2026 - во едниот треба да потрошите 50 евра за 2 лежалки во прв ред
На 275 километри од Скопје се наоѓа Паралија, летувалиште кое многумина го сакаат поради тоа што ни е блиску, но и поради живоста на местото. Дојранчаните Ангелина и Перо постојано го посетуваат ова место, кое им е на само 137km и ни откриваат какви беа цените таму на крајот од јуни.

Паралија Катерини е едно од најпопуларните летувалишта во северна Грција, особено меѓу туристите од Балканот.
Има песочна плажа долга неколку километри со плитко море, погодна за семејства со деца, но и модерни бич барови.
Ова живо местенце им е омилено на дојранчаните Ангелина и Перо, бидејќи им се наоѓа на само 137km оддалеченост.

Тие ја посетија Паралија овој јуни 2026 и споделија дека особено им се допаднале два модерни бич бара таму.

Станува збор за бич баровите Almira Beach и Mandala Seaside Luxury.


Во Almira Beach овој јуни немало потреба од плаќање на лежалки, туку тие следувале со кафе.