Две лежалки - 12 евра, коктел од 10 евра нагоре: Какви се цените за летување во Црна Гора во 2026-та?

Оние кои сакаат повеќе приватност и удобност, за балдахин ќе треба да издвојат 25 евра дневно. Кафе на црногорските плажи чини меѓу 2 и 3 евра, пиво од 3 до 5 евра, но трошоците на летувањето ќе зависат од изборот на самата дестинација (Будва, Котор, Улцињ или Херцег Нови).

dve-lezhalki-12-evra-koktel-od-10-evra-nagore-kakvi-se-cenite-za-letuvanje-vo-crna-gora-vo-2026-ta-01.jpg

И додека голем дел од Македонците веќе се на плажите во Грција или, пак, се во фаза на гледање понуди за летни одмори, дел сигурно како дестинација за одмор ќе ја изберат Црна Гора.

Какви се цените таму годинава?

Според овогодишните ценовници во угостителските објекти покрај плажите, објавени на Фејсбук страницата „Gde na more.com“, цените на храната и пијалаците во Црна Гора се поскапени за разлика од изминатите години.

Иако конечниот трошок за одмор зависи од дестинацијата, ресторанот и периодот на патување, прегледот на понудата покажува дека за одредени оброци и пијалаци ќе треба да се издвојат значително повеќе пари отколку пред неколку години.

Колку чини појадок на црногорското приморје?

Понудата за појадок вклучува неколку класични јадења. Омлетот чини од 7,5 до 8,5 евра.

Меѓу најевтините производи на менито е домашната пита со сирење, чија цена е 3,8 евра.

Љубителите на италијанската кујна за пица ќе издвојат меѓу 8 и 15 евра, додека некои видови пици достигнуваат цени од 11,8 до 12,8 евра.

Тестенините се продаваат по цени од 11,5 до 23,5 евра, во зависност од видот и состојките.

Салати, хамбургери и скара

Цените на салатите главно се движат од 7 до 12 евра. Сезонска и мешана салата чинат 3,9 евра, витаминска салата 5,2 евра, додека за грчка салата треба да се издвојат 11,5 евра.

Цените на брзата храна и скарата:

Хамбургери: од 8 до 14 евра

Полнети, гурмански плескавици и плескавици со кајмак: до 15,5 евра

Ќебапи (300g): 13,5 евра

Домашна телешка колбасица (300g): 14,5 евра

Печени пилешки копани: 14,5 евра

Пилешко филе и крцкави крилца: 15,5 евра

Најскапиот дел од понудата се рибните специјалитети и премиум месните јадења.

Цените на рибaта се движат од 15 до дури 30 евра, додека основните рибни јадења започнуваат од 5,5 евра, во зависност од видот на рибата и начинот на подготовка.

Меѓу најскапите артикли се издвојуваат телешките медалјони со печурки, за кои е потребно да се платат 26,5 евра.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...

Најчитани неделава