Низ објективот на инстаграмџиите: Мермерната плажа на Тасос е рај за сите сетила

Глетката е неверојатна, а многумина се шегуваат дека треба да ја оставите оваа плажа за на крај од вашиот одмор од Тасос, затоа што по неа ниту една друга нема да ви биде доволно живописна.

niz-objektivot-na-instagramdjiite-mermernata-plazha-na-tasos-e-raj-za-site-setila-01.jpg

Мермерната плажа на Тасос (позната како Saliara Beach и Marble Beach) е една од најживописните плажи на овој грчки остров поради ситните бели мермерни камчиња и тиркизната вода.

Таа е малку зафрлена и непристапна, а до неа води неасфалтиран пат, по кој се превезува мермер.

За да стигнете до неа, најдобро е да ги следите патоказите до плажата „Макријамос“, а пред да влезете на оваа плажа, која е во склоп на луксузен ресорт, да свртите десно по земјениот пат.

Со внимателно возење ќе стигнете безбедно дотаму, а кога ќе ја видите тиркизната нијанса на морето, ќе сфатите дека се исплатило.

Недостигот е што во ек на сезона се создава огромна гужва, а високи се и цените на лежалките.

Мермерната плажа низ објективот на инстаграмџиите:

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не е Кариби, Халкидики е: Најубавата плажа во Европа за 2025 одзема здив со рајска убавина Глетката од птичја перспектива одзема здив со уникатната формација поделена во д...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg