Топ 10 дестинации кои вреди да ги посетите во 2012

top-10-destinacii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2012-povekjeАко изминативе години не успеавте да прошетате на некоја егзотична и интересна дестинација, во 2012 убаво би било да одвоите некој буџет за патување.

 

Според Lonely Planet ова се најдобрите дестинации за патување во 2012 – меѓу кои се најде и Охрид.

top-10-destinacii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2012-1

1. Североисточен САД – Њујорк, Бостон и Вашингтон можеби не се најевтините градови на светот, но Американците и туристите ја користат предноста на евтините автобуски конекции со Филаделфија, Торонто, Питсбург кој чинат од 1 до 5 долари во еден правец. Што се однесува до сместување и авионски карти за до таму, подобро резервирајте барем 5-6 месеци однапред.

top-10-destinacii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2012-2

2. Јапонија. Јапонија имаше тешка година по земјотресот, а ова се одрази и во туризмот. Патувањето во Јапонија има и финансиска смисла. Споредено со Лондон, Парис или Њујорк, туристичките атракции, сместувањето и храната се многу поевтини, а може да посетите и бесплатно некои од храмовите и ботничките градини.

top-10-destinacii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2012-3

3. Таџикистан – Марко Поло бил импресиониран, а и сите останати туристи по доживувањето на оваа Централно Азиска нација. За да прошетате низ земјата, најмногу се исплати изнајмување на Руска Лада за неколку денови (ова чини околу $300 долари).

top-10-destinacii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2012-4

4. Порто, Португалија. Градот кој е виновен за првиот дел од името на земјата. Има доста нискобуџетни летови од цела Европа, а изобилува со преубава архитектура и пејзажи. Можете да престојувате во куќички со поглед на езеро за само 25 евра или да отпатувате до плажата во близина на селото Афурада со ферибот (за 1 евро).

top-10-destinacii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2012-5

5. Лесото – планини, пештери, отисоци од диносауруси и прошетка на пони коњче. Лесото или т.н. кралсто на небото целосно е опколено од ЈАР. Се протега на 30.000 km квадратни, а нуди преубава природа, планински пејзажи и многу портокали. Патувања со коњи, храна и водич – чинат $50 долари на ден.

top-10-destinacii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2012-6

6. Иквитос, Перу. Патување 5 дена со брод низ Амазон чини $1.750 долари по човек ако се договорите на лице место (инаку дупли повеќе). Можете да одите во лов на пирани, да барате розови делфини, да прошетате низ селата на разговор со Амазонците... Најдобро време за посета е Октомври и Ноември, кога уште е суво пред да пристигнат летните жештини и гужви.

top-10-destinacii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2012-7

7. Сан Франциско, САД. Овој град буквално моли за посета. Може да најдете хотелско сместување со појадок за 70-80 долари. Освен платени атракции, можете бесплатно да шетате низ бројните плажи, да шетате на Golden Gate, и да посетите галерии.

top-10-destinacii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2012-8

8. Охрид, Македонија. Нашиот Охрид е препорачан како срцето на земјата. Покрај бројните планински предели, лозја и Византиски цркви, градот на Охридското Езеро нуди многу – за малку пари. Приватните соби се движат околу 10 евра. Препорачуваат посета на националниот парк Галичица, пливање и патување со брод до Свети Наум.

top-10-destinacii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2012-9

9. Меконг, Виетна. Можете да ги прескокнете патувањата во Хо Ши Мин, и да одберете авантури на дестинации како Бен Тре, Чау Док и лебдечките пазари на Вин Лонг.

top-10-destinacii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2012-10

10. Мерида, Мексико. Најдоброто место каде можете да ја испробате мексиканската храна, животот и архитектурата на вистинското Мексико. Катедрали, музеи, многу танцување и одлична забава!

Имате ли и вие да додадете некој предлог?

Би можело да ве интересира:

Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...
Мало бајковито гратче со замок покрај река во Хрватска е како сцена од сликовница (фото) На 65 километри од Загреб се наоѓа мало историско гратче со тврдина на карпест р...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
Од Скопје има евтини летови до Неапол, но зошто туристите се разочарани од градот? Од Скопје има евтини летови до Неапол, а овој италијански град се смета како доб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg