14 најинстаграмџиски места во Атина

На прво место, нормално, е најпознатиот симбол на Атина - Партенонoт, кој е најпознатиот храм на Акрополот во Атина, но кои се другите? Има и кафуле со спектакуларен поглед, совршен за зајдисонце...

14-najinstagramdjiski-mesta-vo-atina-0001.jpg

Атина е еден од најисториските градови во Европа и е позната по своите антички споменици, култура и вкусна храна.

Tаа е и вистински сон за фотографите и креаторите на содржини за социјалните мрежи.

Во овој град дефинитивно можете да направите фантастични фотографии.

Патувачкиот блогер Кристи, која го води профилот She Wanders Abroad и за себе вели дека поминала повеќе од 50 земји во светот, на својот блог открива кои се најубавите места за фотки во Атина.

14-najinstagramdjiski-mesta-vo-atina-02.jpg

„Составив листа со најинстаграмџиските места во Атина. Овој водич ги вклучува најпопуларните атракции, како и некои помалку познати бисери низ градот“, вели таа.

На прво место, нормално, е најпознатиот симбол на Атина - Акрополот.

Акрополот е тврдина изградена на висока карпа во центарот на Атина. Тоа е најпознатиот антички комплекс во Грција, каде се наоѓаат важни споменици како Партенон, Пропилаја, Ерехтеон и Храмот на Атина

Акрополот бил религиозен, политички и културен центар на античка Атина.

Инаку, Партенон е најпознатиот храм на Акрополот во Атина, изграден во 5 век п.н.е. во чест на божицата Атина. Тој е симбол на античка Грција, демократските вредности и еден од најзначајните споменици на светската културна историја.

Најдобрите Инстаграм локации во Атина:

Партенон, Акропол

Најпознатиот симбол на Атина со неверојатна античка архитектура, а најдобро е да се посетува наутро.

14-najinstagramdjiski-mesta-vo-atina-03.jpg

Ареопагова карпа (Areopagus Hill)

Одличен поглед кон Акрополот и градот, каде треба да бидете внимателни бидејќи карпите се лизгави.

14-najinstagramdjiski-mesta-vo-atina-04.jpg

Адријанова библиотека (Hadrian’s Library)

Историско место со антички столбови, совршено за фотографии.

14-najinstagramdjiski-mesta-vo-atina-05_copy.jpg

Анафиотика (Anaphiotika)

Мало местенце со бело-сини куќи и тесни улички, скриен бисер во срцето на Атина.

14-najinstagramdjiski-mesta-vo-atina-06.jpg

A for Athens Cocktail Bar

Руфтоп бар со неверојатен поглед кон Акрополот.

14-najinstagramdjiski-mesta-vo-atina-07.jpg

Ellyz Cafe

Инстаграмџиско кафуле, полно со розови цветови и интересна храна.

14-najinstagramdjiski-mesta-vo-atina-08.jpg

Little Kook

Бајковито кафуле со сезонски украси, магично за фотографии.

14-najinstagramdjiski-mesta-vo-atina-09.jpg

Уште 7 места на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg