„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во Албанија“
Позната е по импресивните песочни дини кои се спуштаат директно во морето и густата борова шума одзади.

Глетката е едноставно неверојатна и топло препорачувам да одите таму на зајдисонце.

Од „Orange beach bar“ до дините на зајдисонце ќе пешачите 10 минути и ова ќе ви биде една од најубавите прошетки во животот.
Ќе наидете на риболовци, кампери, а ние наидовме дури и на запросување на самата плажа.

Цените беа од 11 до 16 евра за две лежалки, а пијалаците и храната сосема пристапни за оброк на сама плажа покрај море - би рекла како новите скопски цени.

Инаку, границите ги минувавме без проблем во рок од 5-10 минути, немаше турканици, а речиси и немаше патарини.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело