„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во Албанија“
И веднаш да нагласам, бев сместена во градот Шенѓин, но поради преголемиот број хотелски комплекси, за мој вкус неплански изградени и преголемата гужва, таму само спиевме, а целите денови ги поминувавме на плажи на околу 15 минути возење од градот.

Првиот ден бевме на две плажи во склоп на луксузни хотели, каде познат диџеј пушташе музика на едната, а можевте да си платите лежалка како надворешни гости, за 10-20 евра од лежалка.
Имаше навистина урбана нота и беше вистинско изненадување за моите очекувања.


Вториот ден го најдов мојот рај во бич барот „Orange beach bar“ на долгата и песочна плажа Рана е Хедун. Oмилено ми е што лежалките се многу раздалечени eдни од други, нешто што знае да е реткост и во Грција.

Рана е Хедун (Rana e Hedhun) е уникатна плажа во Албанија, сместена на неколку километри северно од Шенѓин, но возењето е бавно поради гужвите, па подобро е ако успеете да најдете сместување поблиску до неа.
Има многу бич барови на неа, но поголемиот дел е слободен и има низа кампери и туристи со своја опрема.
