Дубаи: престолнина на луксуз

dubai-prestolnina-na-luksuzot-povekjeЗаедно со уште шест други емирати е составен дел на Обединетите Арапски Емирати. Кон федерацијата на градови, Дубаи пристапи 1971 година.

 

Обединетите Арапски Емирати се сместени на североисточниот дел на Арапскиот полуостров.

На југозапад се граничат со Саудиска Арабија, а на исток и север со Оман. Самиот Дубаи е сместен во процепот на Арапскиот залив, кој го дели на два дела.

Ова некогашно мало рибарско село во средината на 19 век прерасна во трговски центар и многу важно трензитно пристаниште помеѓу Блискиот и Далечниот исток. Денес овој град во арапскиот свет е познат како „град на трговци“.

dubai-prestolnina-na-luksuzot-1

Она што фасцинира при првата средба со Дубаи е неговиот космополитски дух. Насмеаните лица на жителите на овој град од сите можни нации можат да се видат на секој чекор, така што понекогаш имате впечаток дека не сте на Блискиот исток, во арапскиот свет.

Високиот животен стандард се гледа на секој чекор, почнувајќи од автомобилите и облеката што ја носат локалните жители. Ова е многу либерален град, а од неговите жители се очекува да ја почитуваат верата на другите. При облекувањето се почитува традицијата, но се носи и облека во „западен“ стил.

dubai-prestolnina-na-luksuzot-2

Овој град, благодарејќи и’ на нафтата изникна од пустина и фасцинира на секој чекор со своето зеленило и богатство на бои, па понекогаш се запрашувате дали е вистинито она што го гледате или е фатаморгана. За посетителите, што е многу важно, Дубаи е многу безбеден. Нема кражби, веројатно затоа што и казните се многу високи и ригорозни.

Целиот град е едно големо градилиште- на секој чекор се гради. Зградите на сред пустина никнуваат со голема брзина, а секоја нова е пораскошна и поубава од претходната.

dubai-prestolnina-na-luksuzot-4

Без разлика на раскошот на тие облакодери, на секој се забележува и арапскиот стил, кој потсетува каде се наоѓате. Овде зградите од десет години се сметаат за стари и се рушат за да им направат место на понови и пораскошни.

Во градот кој никна на сред пустина се води сметка за секоја тревка. Жителите се маѓепсани со зеленилото. Од Холандија годишно се увезуваат стотици тони тревни теписи, кои ги сочинуваат тревните површини на градот и кои непрекинато се наводнуваат.

dubai-prestolnina-na-luksuzot-3

Во Дубаи доминираат палми украсени со стотици сијалици, кои навечер создаваат слика од бајките. Цвеќето е насадено во убави мермерни жардињери во облик на школки. Во овој град, кој е неверојатно чист, секој жител води смека за чистотата.

Дубаи е трговски и деловен центар на Блискиот исток, но и една од најатрактивните туристички дестинации на светот. Тоа е вистинското место за сите оние кои сакаат активен одмор во текот на целиот ден. Застапени се сите спортови од тенис, голф, коњички спортови. Она по што овој град е навистина познат и што е вистинска атракција е купувањето

dubai-prestolnina-na-luksuzot-5

Бидејќи е град, бесцаринска зона, секој може да пронајде нешто за себе. Градот е преплавен со огромни шопинг центри од кои најпознат е Deira City Center, кој се протега на три спрата и нуди роба и за најпребирливите.

За обиколка на овој шопинг центар потребни ви се денови. Тој трговски центар, заедно со хотелот Sofitel City Center и шведската стоковна куќа Икеа, се вистински рај за купувачите, а тука има и кино и луна-парк.

ПРОДОЛЖУВА...

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Велигденски базари во европските градови кои се како пролетна бајка Кои европски градови се претвораат во вистинска велигденска бајка пред празницит...
11 работи што мора да ги видите во Египет (покрај пирамидите) Египет, домот на древните фараони, е полн со впечатливи храмови, антички гробниц...
„Работилницата на Дедо Мраз“ во Трикала, Грција: Влезот е бесплатен, се стига за 5 часа со автомобил... Ако сакате да се „загубите“ во светот на Дедо Мраз и да уживате во празничната а...
5 од најубавите плажи во Шпанија со тиркизна вода и златен песок Шпанија е позната по своите прекрасни плажи со кристално чиста води, а во продол...
Македонка што живее во Бразил: „Зошто сум воодушевена од здравствениот и образовниот систем во оваа ... „Најголем плус е што образовниот систем е бесплатен, а сите ученици имаат појадо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg