„Бев во Старата скопска чаршија, пиев турско кафе, јадев лахмаџун - таа е душата на Скопје“

Никој не може да остане рамнодушен на скопската чаршија, вгнездена меѓу Камениот мост и Бит-пазар, под Калето, на брегот на Вардар. За неа пишувал и познатиот патеписец Евлија Челебија:

„Таа брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите (памучни ткаенини), чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите (капи). Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Халеп.“

charshijata-e-dushata-na-skopje-a-od-kale-pogledot-e-najubav-03.jpg

Секогаш во сеќавање ќе ми останат невестите кои позираа пред старите ѕидини, малите деца кои со шарените шеќерчиња кои трчаа по калдрмата и дедо ми, кои обожаваше да се ценка со дуќанџиите.

И јас, среде јули, во најголемата жештина, свадбената фотосесија ја имав во мојата чаршија, оти ми е омилена. А вкусовите на чаршијата ми се лахмаџун, симит погача, трилече и десетка со кромид и ледена лимонада или голема боза. Тоа е тој македонско-турски спој на деликатеси.

Погледот на градот од Кале е најубавиот 

А нема ништо поубаво од погледот кон Скопје од Калето. Па, мојата неделна прошетка ја завршувам на ѕидините на скопската тврдина. Тоа некогаш го бранело нашето Скопје, а и денес гордо стои над него.

charshijata-e-dushata-na-skopje-a-od-kale-pogledot-e-najubav-06.jpg

Неделно утро низ скопскиот базар, рано, пред да дојдат сите туристи и пазарџии, пред да се наполни со метеж, да натежнат килимите и сувенирите. Едноставно прекрасно...

charshijata-e-dushata-na-skopje-a-od-kale-pogledot-e-najubav-07.jpg

Чаршијата е убава во секое време од денот, во секој ден од годината, и никогаш нема да ми се здодее да талкам низ малите дуќанчиња, оти таму ги пронаоѓам најубавите подароци и најинтересните сувенири од мојот град, кожените алки, шарени плетени торбички, мали опинци и мал милион ситници кои мамат со својата убавина.

charshijata-e-dushata-na-skopje-a-od-kale-pogledot-e-najubav-10.jpg

Тивко се молам да не остане Старата скопска чаршија во заборавот, ниту пак да потпадне на канџите на модерното.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

 И. Ј. | Црнобело / фото:  И. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
5 грешки кои туристите ги прават во Истанбул Истанбул е голем град во кој сигурно ќе се заљубите! Но, додека го истражувате о...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg