Чистење на чевли, возење со такси: Кои се најголемите туристички замки во Истанбул?

Живеам во Истанбул веќе некој период и ќе ви раскажам за неколку туристички замки... Ако на улица на чистач на чевли му падне четката, а вие му ја подадете, ќе бидете малтретирани и натерани да платите висока сума за услугата која не сте ја побарале. Исклучок се оние насмеани луѓе кои кога ќе ве видат, сакаат да ве послужат со чаша чај и да си поразговараат, а особено се среќни кога ќе слушнат дека сте од Македонија.

chistenje-na-chevli-vozenje-so-taksi-koi-se-najgolemite-turistichki-zamki-vo-istanbul-01.png

Лесно е да се заљубите во Истанбул. Како што е лесно да се заљубите во градот кој некогаш се натпреваруваше со Рим за моќ и престиж, исто толку е лесно и таа љубов да ве заслепи и да не можете да ги приметите многуте туристички измами што ве очекуваат.

Истанбул е огромен град, со население од над 15 милиони и безброј туристи кои го посетуваат во секое време.

Преполн со неверојатни историски знаменитости и атракции, прекрасен спој на старо и ново, и секако, многу шопинг, одличен ноќен живот и фантастична храна во која треба да уживате.

Од Македонија се преселив во Истанбул, па знам дека ризикот од улични кражби е многу голем во град како Истанбул.

Иако веќе не се чувствувам како турист во градот бидејќи веќе некое време живеам овде, секогаш сакам да шетам наоколу и да се восхитувам на неговите убавини, а понекогаш ми се случува да се задлабочам толку што на крајот завршувам како жртва на сите оние туристички измами.

Особено местата како Султан Ахмед и Таксим, каде што повеќето туристи шетаат наоколу, расеани поради фантастичните работи што ги гледаат.

Меѓутоа, ако сакате вашата посета на Истанбул да биде без инциденти, треба да бидете свесни за потенцијалните замки што би можеле да ви се случат и да се заштитите.

На пијачка

Ако сте сами на улица или со мала туристичка група, можеби сте најдобрата жртва за овие измамници. Кога шетате по улица, одеднаш пред вас ќе се појави едно лице и ќе ви рече на англиски јазик My friend (Пријателу/пријателке) иако тие не ве познаваат.

Освен ова ќе добиете и многу други комплименти. Сите знаеме дека Турците се гостопримливи и добри луѓе, но како и во секоја земја постојат и многу измамници.

Потоа, истата таа личност ќе ви понуди пијачка во некој бар или ресторан. Додека разговарате, тој/таа ќе ве однесе во барот и кога сте веќе таму, вие нема да ја одбиете пијачката што ќе ви ја донесат.

На крајот, кога ќе ја донесат сметката, ќе бидете во шок од бројката што ја гледате. Ако одбиете, ќе ве принудат да платите, па дури и ќе ве придружуваат до банкоматот да извадите пари за да се уверат дека ќе им платите.

Исклучок се оние насмеани луѓе кои кога ќе ве видат, сакаат да ве послужат со чаша чај и да си поразговараат, а особено се среќни кога ќе слушнат дека сте од Македонија.

Чистење/полирање на чевли

Кога ќе шетате низ улиците на убавиот Истанбул ќе видите многу постари мажи како ја вршат оваа работа за туристите.

Ова е чесна работа и нема ништо лошо ако сакате вашите чевли да бидат исчистени, но, бидете внимателни која личност ќе ја одберете за да не бидете измамени.

На пример, шетате и одеднаш еден од овие луѓе минува покрај вас и ќе ја фрли четката. Не, тоа не го прави ненамерно, па ако ја земете четката да му ја вратите, ќе направи да се чувствувате непријатно со што ќе започне да оди по вас и да ви ги чисти чевлите без да сакате вие.

Некои туристи ќе помислат дека тоа не чини ништо, но на крајот ќе ви побараат огромна сума на пари и ќе дојде до многу недоразбирања и расправии.

Такси измами

Ако сте нови во кој било град, ова е веројатно најчестата измама. Некои од таксистите ќе се обидат да ве возат низ некои „кратки рути“ кои не и не се толку кратки, а потоа ќе ве натераат да платите голема сума пари.

За да се заштитите во Истанбул, најдобро е да ја симнете апликацијата Uber (има и на англиски јазик) преку која можете да обележите од која до која точка на градот ќе одите.

На апликацијата ќе добиете информација за времето за кое ќе пристигне вашето такси, име и фотографија од возачот и сумата која треба да ја платите.

Ако имате проблеми, можете да го пријавите возачот и да оставите коментар за вашето искуство.

https://www.instagram.com/p/Cck9bS3tqwd/

Продавница за килими

Ако ви е потребна помош во Турција, многу ретко некој на улиците ќе ве одбие, но внимавајте кога сте во туристичките места како што е Капали чаршија.

Знаете дека чаршијата е преголема и многу е лесно да се изгубите таму, особено во уличките со многу продавници за килими кои навистина не се разликуваат.

И така, додека шетате, едно од шармантните млади момчиња ќе дојде кај вас и ќе ве праша дали сте изгубени или сакате да одите до некој познат ресторан или друго место во Истанбул.

Ова обично се случува со група девојки. Потоа ќе ве замоли да ве придружува до тоа место, а додека шетате ќе ве прошета низ продавниците за килими и ќе ви каже дека е продавницата на неговиот вујко или брат.

Веднаш ќе каже дека заборавил да направи нешто таму и ќе ве замоли да одите со него. Така, вие ќе завршите во просторија со теписи и ќе бидете послужени со чај.

Ќе се однесуваат одлично со вас и ќе ве принудат да купите некој производ, а вие нема ни да размислите, бидејќи нивната насмевка е навистина шармантна (и не, не мислиме дека сте наивна личност).

Тогаш ќе ви побараат многу пари, а потоа ќе се понудат и да го испратат килимот до вашиот дом. Секако, тоа скоро никогаш не се случува.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg