Проблеми во домот и уште 7 причини зошто децата стануваат малтретирачи

Изгледа дека малтретирањето на училиште станува сè поголем проблем. Децата на возраст помеѓу 6 и 13 години редовно признаваат дека биле жртви на малтретирање, а мнозинството од овие деца се девојчиња.

problemi-vo-domot-i-ushte-7-prichini-zoshto-decata-stanuvaat-maltretirachi-01.jpg

Ова е проблем што дефинитивно бара внимание, но најпрво треба да се открие неговиот корен. Односно, потребно е да се дознае зошто некои деца стануваат сурови кон своите врсници и соученици.

Бидејќи секое дете може да се најде во оваа улога, задачата на родителите е да знаат што сѐ може да го претвори нивното дете во малтретирач.

Ова се причините зошто децата стануваат малтретирачи:

Проблеми и недоразбирања во домот

Кога домашната околина не е здрава, ова претставува опасност за детето. Децата кои биле малтретирани од членовите на нивното семејство, имаат поголеми шанси и самите да малтретираат и да покажат агресија и насилство.

Неретко, детето станува малтретирач бидејќи ова му дава некакво чувство на контрола - нешто што го нема во неговиот дом. Ниската самодоверба може да предизвика длабока желба за контролирање на другите.

problemi-vo-domot-i-ushte-7-prichini-zoshto-decata-stanuvaat-maltretirachi-02.jpg

Популарност и социјален статус

Сигурно сте изгледале барем еден филм во кој има популарни тинејџери што ги малтретираат другите. Иако изгледа како ова да го прават од забава, сепак целта им е покажување на нивниот социјален статус.

Популарноста можеби дава моќ, но доаѓа со неколку несакани последици. Често, популарноста може да биде причина за ширење гласини и озборување.

Некои истражувања, пак, покажале дека децата кои се во центарот на „социјалната мрежа“ се многу помалку агресивни, за разлика од оние кои се наоѓаат веднаш надвор од центарот.

Поради ова, овие деца почнуваат да малтретираат за да го зацврстат нивниот статус.

problemi-vo-domot-i-ushte-7-prichini-zoshto-decata-stanuvaat-maltretirachi-03.jpg

Знак на слабост

Некои истражувачи сметаат дека децата не се агресивни и не пробуваат да ги малтретираат другите, бидејќи немаат потреба од тоа. Односно, се чувствуваат удобно со нивната положба во групата и не им е страв дека ќе ја изгубат титулата „лидер“ или слично.

Но, кога децата почнуваат да се однесуваат агресивно, тоа може да биде и знак на слабост. Овие деца се несигурни за нивното место во групата, па го користат малтретирањето за да ја скријат својата слабост.

problemi-vo-domot-i-ushte-7-prichini-zoshto-decata-stanuvaat-maltretirachi-04.jpg

Притисок од другите деца

Ние сме социјални суштества и секогаш се обидуваме да се вклопиме во некоја група. Па, понекогаш за децата изгледа подобро да малтретираат како и другите, наместо да станат следната жртва.

Притисокот од врсниците може да стане навистина силен, па децата се чувствуваат како да немаат друг избор. Поради ова, почнуваат да го малтретираат слабото дете, кое наводно не ѝ припаѓа на групата.

problemi-vo-domot-i-ushte-7-prichini-zoshto-decata-stanuvaat-maltretirachi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg