Зошто бебињата во Африка не плачат?

„Родена сум и порасната во Кенија. Од мојата 15-та година живеам во Велика Британија, но отсекогаш сум знаела дека моите деца сакам да ги чувам дома во Кенија. И да, секогаш знаев дека сакам да ги имам.

zoshto-bebinjata-vo-afrika-ne-placat-01.jpg

Јас сум современа жена со две факултетски дипломи и 4-та генерација на жени кои работат во семејството, но кога станува збор за децата јас сум типична Африканка. Тоа подразбира дека без деца жената не е целосна односно дека, децата се благослов и лудо е да се избегнуваат.

Тоа прашање воопшто и не се поставува.

Бременоста ми започна во Велика Британија, но 5 месеци откако открив дека сум бремена се вратив во својот роден крај и таму најдов работа.

Го правев она што поголемиот број на жени во Британија го прават – читав безброј книги за воспитување на децата и правилно чување на бебето. Во сите книги што ги прочитав пишуваше дека бебињата во Африка помалку плачат од европските бебиња.

Ме интересираше во што е приказната и кога се вратив дома решив да набљудувам што се случува околу мене.

Барав мајки насекаде околу мене, но забележав дека бебињата помали од 6 месеци воопшто не можете да ги забележите на улица. Првото нешто што го забележав е дека и покрај тоа што тие се насекаде околу вас, всушност не можете да ги забележите на прв поглед.

Обично неверојатно добро се препокриени и замотани во ќебе и врзани за мајката. Дури и постарите бебиња сè уште остануваат добро врзани и замотани околу мајката за да се заштитат од околината.

Ќе бидете среќни да забележите мала нога, а камоли око или нос.

Виткањето всушност ја претставува утробата на мајката, а бебињата буквално се препокриваат за да се заштитат од негативните случувања во околината и стресот кој доаѓа од светот во кој се наоѓаат.

Од друга страна ја набљудував и културата. Во Велика Британија се подразбира бебињата да плачат додека пак, во Африка случајот е сосема спротивен. Ако бебето плаче, тоа значи дека нешто навистина не е во ред и мора се да се преземе за да престане неговиот плач.

Се доби своја смисла откако го родив моето дете и мојата баба дојде да ми помогне при чувањето. Се случи моето бебе да плаче многу. Исцрпена и уморна заборавив на сè што некогаш прочитав и понекогаш ми се случуваше да и се придружам во плачењето.

Решението на мојата баба за секое плачење беше: „Дои ја!“.

Иако понекогаш плачеше заради мокрите пелени или само затоа што сум ја оставила во креветче, таа секогаш сакаше да биде на мојата града. Не беше важно дали навистина се храни или само уживаше во моментот.

Поголемиот дел од времето ја носев со мене и спиеше со мене, па доењето логички следеше од овие активности.

На мое изненадување открив во што е тајната на афричките бебиња и зошто тие не плачат.

Доењето е симбиоза на задоволување на многу едноставни потреби без потреба од тоа да се знае што точно се случува и зошто се случува. Мирно прифаќање на активноста.

Факт беше дека моето бебе многу јадеше. Повеќе од она што беше запишано во книгите како дневна препорака.

За околу 4 месеци кога повеќето урбани мајки започнуваат да воведуваат цврста храна, мојата ќерка сè уште сакаше да се дои во „стил на новороденче“ – на секој час. И во текот на следните 4 месеци започна потребата да се зголемува.

Поголемиот дел на мајки од мојата група за поддршка веќе воведоа и бебешки ориз во исхраната. Сите професионалци наведуваа на тоа дека тврдата храна е сосема нормална да се воведе на таа возраст, но моето бебе и натаму ја одбиваше таквата храна.

Се обидов и да додадам малку „Павпав“ (традиционална храна за одвикнување на бебето од доење) во моето млеко, но мојата ќерка и таа комбинација не сакаше да ја проба.

Ја повикав мојата баба одново за да ја прашам за совет. Се насмеа и ме праша дали повторно сум ги читала моите книги, а потоа внимателно ми објасни дека доењето не е линеарен процес.

„Таа сама ќе ти каже кога е подготвена да премине на тврда храна“ - ми објасни.

Така мојот живот повторно продолжи со застојот. Додека другите мајки веќе ги ранеа своите бебиња со ориз и испробуваа и други производи јас сè уште станував на секој час и ја доев мојата ќерка.

Наскоро сфатив дека ненамерно станав неформален сервис за поддршка на урбаните мајки.

Мојот телефон често ѕвонеше и многу пати се наоѓав во ситуација да ги повторувам зборовите: „Само продолжи да ја доиш“, „и да си ја наранила веќе, продолжи со доењето. Можеби денес цел ден ќе го поминеш во пижами и нема да излезеш надвор. И натаму ќе ти требаат здрави состојки во исхраната и многу вода. Сега не е време да размислуваш за враќање на работа, ако можеш тоа да си го дозволиш“.

И секако онаа најважната реченица која често и себе си ја кажував „Сè ќе биде полесно многу наскоро“. Оваа последнава реченица посебно си ја нагласував, бидејќи воопшто не ми беше лесно.

Неколку денови пред да наполни мојата ќерка 5 месеци, отпатувавме за свадба на мои пријатели во Велика Британија.

И таму продолжив со нејзините навики на доење, наспроти чудните погледи и сите јавни места на кои тоа мораше да се случи.

На самата венчавка, луѓето кои седеа до нас ми коментираа: „Таа е толку мирно бебе“.

До крајот на вечерта една госпоѓа ми се обрати: „Сепак сум читала дека афричките бебиња не плачат многу“. Не можев, а да не се насмеам.“

zoshto-bebinjata-vo-afrika-ne-plachat-3.jpg

Нежните мудрости од мојата баба кои ми го променија животот:

1. Понудете ја градата секојпат кога вашето бебе е вознемирено, дури и тогаш кога веќе сте го нараниле.

2. Спијте во исто време. Честопати можете да го нараните бебето и пред да се разбуди, што може да му помогне повторно да се врати на слатко сонување, а и вие ќе се одморите повеќе.

3. Секогаш имајте чаша млака вода покрај креветот за да внесувате течности во текот на ноќта, бидејќи постојано треба да имате млеко.

4. Доењето треба да ви биде приоритет. Постојат многу малку работи кои не може да почекаат.

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg