5 искрени детски реакции кои ќе ве насмеат до солзи

„Мојата мала ќерка го разгледуваше нашиот свадбен албум и се воодушевуваше на венчаницата, тортата, на фотките од првиот танц. Но, во еден момент го затвори албумот, го тресна на земја и луто ме праша: ‘Зошто јас не бев поканета?“.

5-iskreni-detski-reakcii-koi-kje-ve-nasmeat-do-solzi-01.jpg

Децата понекогаш прават работи на кои ние, возрасните, нема ни да помислиме.

Нивната спонтаност и искрени реакции се понекогаш толку непредвидливи, што ќе нè насмеат до солзи и нема да знаеме што да направиме во тој момент.

Од спонтани коментари, до нивните најголеми детски проблеми, ова се 5 симпатични детски реакции, кои ги споделија корисниците на „Редит“:

„Со мојата 5-годишна ќерка отидовме на гости кај една пријателка. Додека ние пиевме кафе, ќерка ми си играше со синот на пријателката.

Во еден момент децата дојдоа и ни кажаа дека си „играат сопруг и љубовница“.

Ја прашав ќерка ми дали знае што значи зборот „љубовница“, а таа рече: ‘Да, тоа е жената што мажот ја сака’.

Шокирана од нејзиниот одговор ја прашав што е тогаш сопругата. Таа само трепна и со самодоверба ми рече: ‘Па, сопругата е некој што готви, пере чисти...’.

Уште не можам да се соземам од нејзиниот одговор“.

5-iskreni-detski-reakcii-koi-kje-ve-nasmeat-do-solzi-02.jpg

„Ми требаат два часа да ја заспијам ќерка ми, а на сопругот тоа му успева за 30 минути.

Еден ден ја прашав зошто веднаш заспива со него, а со мене не сака, туку продолжува да си игра.

Нејзиниот одговор е пресмешен: ‘Мамо, си го слушнала тато како пее? Толку е лош, што веднаш ми се приспива’“.

„Мојот 5-годишен внук секој ден береше цвеќе од градината и ѝ ги даваше на неговата „девојка“ која живееше неколку куќи понатаму.

Си мислевме дека е сладок, прво детско додворување и ни беше забавно. Еден ден дојде и ни кажа дека веќе нема да ѝ носи цвеќе.

Кога го прашавме зошто, неговиот одговор беше: ‘Рече дека моите цвеќиња ѝ прават алергија’. Толку од детската романтика“.

5-iskreni-detski-reakcii-koi-kje-ve-nasmeat-do-solzi-03.jpg

„Мојата 5-годишна ќерка го разгледуваше нашиот свадбен албум и се воодушевуваше на шминката, венчаницата, тортата, на фотките од првиот танц.

Но, во еден момент го затвори албумот, го тресна на земја и луто ме праша: ‘Зошто јас не бев поканета?’“.

„Пред некој ден отидов да ги видам сестра ми и внуците.

Мојата помала внука седна до мене, со блок и боички и почна да црта.

Сите луѓе што ги нацртала се зелени, па ја прашав дали се вонземјани.

Немав боичка во боја на кожа, па сега сите мора да бидат Шрек’ - ми одговори таа“.

5-iskreni-detski-reakcii-koi-kje-ve-nasmeat-do-solzi-04.jpg

А. Ј. | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...

Најчитани неделава