Доцнење на менструацијата и уште 2 необични знаци дека сте претерале со кафето

Знаете ли колку кафе е препорачано да пиете дневно? Иако од кафето има и здравствени придобивки, прекумерното внесување може да предизвика дебелеење, треперење на телото, па дури и да ви направи менструалниот циклус да ви задоцни, затоа што влијае врз хормоните.

docnenje-na-menstruacijata-i-ushte-2-neobichni-znaci-deka-ste-preterale-so-kafeto-01.jpg

Според препораките објавени на повеќе здравствени веб-сајтови, препорачаната дневна доза на кафе изнесува околу 400ml дневно, или околу 4 до 5 мали шолји, односно 2 големи.

Но, што може да се случи кога претерувате па внесувате многу повеќе од оваа доза?

docnenje-na-menstruacijata-i-ushte-2-neobichni-znaci-deka-ste-preterale-so-kafeto-02_copy.jpg

Иако од кафето има придобивки, познато е дека неумереното консумирање може негативно да се одрази врз организмот, како што се проблеми со несоница, а состојбата може значително да се влоши ако се обидувате да ги замените оброците со пијалакот.

Кои 3 необични симптоми може да ги почувствувате, а кои укажуваат дека е време да станете поумерени со пиењето кафе?

Дебелеење

Јасно е дека кафето може да предизвика дебелеење ако го консумирате со висококалорични додатоци, како шеќер, сирупи, млеко, а помалку познато е дека истиот проблем може да се јави и ако ги заменувате оброците со кафе.

Понекогаш кафето може да направи да се чувствуваме заситено и да го прескокнеме оброкот, но кога ефектот на кофеинот нагло ќе престане, желудникот е празен и следува првиот напад на глад.

Многу е веројатно по ова да консумирате многу повеќе храна отколку што треба и да се прејадете, затоа што се чувствувате прегладнето.

Иако на краток период замената на оброк со кафе може да ви помогнете да ослабите, долгорочно најверојатно ќе се здебелите, затоа што во еден миг го лажете организмот дека сте сити, а во следниот се прејадувате.

docnenje-na-menstruacijata-i-ushte-2-neobichni-znaci-deka-ste-preterale-so-kafeto-03.jpg

Кризи

Кај луѓето кои пиеле неумерени количества кафе, кои се многу поголеми од препорачаната дневна доза, може да се јават знаци на апстиненцијална криза веднаш штом ќе се обидат да намалат со дневната доза.

Првите знаци на криза се: главоболка, намалено ниво на енергија, поспаност, а во некои покестремни случаи и депресија и симптоми што наликуваат на грип, како треска.

Кај луѓето што чувствуваат вакви кризи се препорачува постепено намалување на внесот на кафе во организмот, заменување со други течности и пиење кафе без кофеин.

docnenje-na-menstruacijata-i-ushte-2-neobichni-znaci-deka-ste-preterale-so-kafeto-04.jpg

Промени во менструалниот циклус

Се верува дека кофеинот може да влијае врз нивото на хормоните во организмот и да предизвика промени во менструалниот циклус.

Прекумерното внесување кофеин може да предизвика доцнење на менструалниот циклус, да ги зголеми менструалните болки и да направи менструацијата да биде подолга и пообилна од вообичаено.

docnenje-na-menstruacijata-i-ushte-2-neobichni-znaci-deka-ste-preterale-so-kafeto-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg