Астма кај деца: Симптоми, препознавање и лекување

За некои деца, астмата е мала непријатност, за други таа може да ги ограничи секојдневните активности, а нападите понекогаш бараат итна медицинска помош.

astma-kaj-deca-simptomi-prepoznavanje-i-lekuvanje-01.jpg

Астмата е една од најчестите хронични состојби во детството, при која дишните патишта, под влијание на одредени фактори (предизвикувачи), отекуваат и се стеснуваат, што доведува до создавање дополнителен секрет и отежнато дишење.

Ова е познато и како „напад на астма“ и вклучува голем број различни симптоми, во зависност од тежината на астмата кај детето.

За некои деца, астмата е мала непријатност, за други таа може да ги ограничи секојдневните активности, а нападите понекогаш бараат итна медицинска помош.

Откако ќе се постави дијагнозата, детето ќе добие соодветна терапија. Со оглед на тоа што тежината на симптомите на астмата може да се менува со текот на годините, важно е и детето да посетува закажани периодични контроли.

astma-kaj-deca-simptomi-prepoznavanje-i-lekuvanje-02.jpg

Што ја предизвикува астмата кај децата?

Точната причина за појавата на астма сè уште не е утврдена, но се верува дека таа може да има генетска предиспозиција, а нејзината појава може да биде под влијание и на бројни предизвикувачи од околината.

Соодветно на тоа, постои алергиска и неалергиска астма.

Алергиската астма се активира со изложување на алергени од опкружувањето, како полен, габи, влакна од домашно милениче, одредена храна…

Неалергиската астма не е предизвикана од алергени туку надразнувачи, како на пример вдишување ладен воздух, одредени лекови, хемикалии и средства за чистење, загаден воздух, настинка и грип, чад од тутун, прашина…

astma-kaj-deca-simptomi-prepoznavanje-i-lekuvanje-05.jpg

Одредени физички активности може да дејствуваат како предизвикувачи, како што е трчање, вежбање, танцување, плачење, смеење…

Постојат и други предизвикувачи на напади, па затоа е важно да се идентификуваат кај секое дете, за во иднина да се избегнуваат колку што е можно повеќе.

astma-kaj-deca-simptomi-prepoznavanje-i-lekuvanje-03.jpg

Како да ги препознаете симптомите на астма кај детето?

Симптомите на астма може да се разликуваат од едно до друго дете, може да се влошуваат или да се подобруваат со текот на времето.

Нападот на астма не мора секогаш да значи отежнато дишење или попрепознатливо „свирење“ во градите.

Кај некои деца тоа може да биде само повторлива и долготрајна кашлица.

Симптомите на астма кај децата може да бидат:

  • Честа и иритирачка кашлица
  • „Свирење“ на градите и отежнато дишење
  • Краток здив
  • Задушување или стегање во градите

Нападите на кашлица може да се влошат во текот на ноќта, односно кога детето спие.

Кашлицата може да се влоши и ако детето настине или се разболи.

Треба да се има предвид дека не сите наведени симптоми се знак дека вашето дете има астма.

Сувата или продуктивна кашлица, како и отежнатото дишење или краткиот здив, може да бидат симптоми на бронхитис или други белодробни заболувања.

astma-kaj-deca-simptomi-prepoznavanje-i-lekuvanje-04.jpg

Лекување на астма кај децата

Целта на лекувањето на астмата е да се елиминираат симптомите и да се воспостави нормална или што е можно подобра функција на белите дробови, како и да се намали ризикот од појава на тешки напади.

Дополнително, третманот треба да го намали бројот и сериозноста на нападите и да му овозможи на пациентот да води нормален живот, вклучувајќи и спортски активности.

Во медицинскиот третман на астмата најчесто се користат неколку групи лекови и тоа: средства за спречување опструкции (антиинфламаторни лекови) и за отстранување опструкции (бронходилататори).

Терапијата зависи од многу фактори кои секако ќе ги процени лекарот, при што ќе ја приспособи на пациентот.

Повеќето лекови за астма се вдишуваат директно во белите дробови (пумпа за астма, инхалатори…), а има и лекови во форма на таблети и течности.

astma-kaj-deca-simptomi-prepoznavanje-i-lekuvanje-06.jpg

За какви било сомнежи, секогаш консултирајте се со вашиот лекар кој најдобро и најточно ќе ви ја одреди дијагнозата и лекувањето.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg