Продолжете си го животот

prodolzete-si-go-zivotot-povekjeСоветите кои ќе ве одржат млади се исти како младоста - ведри, забавни, не оптоваруваат и пред сè се наменети за уживање и опуштање...


Пијте црвено вино

Црвеното вино содржи антиоксиданси кои меѓу другото го ограничуваат растот на туморот кај заболените од рак. Алкохолот од виното позитивно влијае на добриот холестерол, кога се консумира со пржена храна ја неутрализира штетноста, а истражувања во Шпанија покажаа дека виното штити и од обична настинка. За вашето тело да ги прими овие добри влијанија на виното, треба да го пиете често, но во умерени количини. Најдобро е 1-2 чаши дневно.

prodolzete-si-go-zivotot-6

Јадете чоколадо

Чоколадото содржи антиоксиданси, што значи дека ве штити од срцеви болести, го нормализира крвниот притисок, прави баланс на хормоните во телото и го одложува стареењето. Црните чоколади содржат повеќе антиоксиданси од млечните и имаат дури 8 пати повеќе антиоксиданси отколку јагодите. Покрај тоа чоколадото ослободува ендорфин и серотонин, а со тоа влијае како природен антидепресив.

prodolzete-si-go-zivotot-1

Повеќе секс

Сексот ја зголеува самодовербата, ја уништува депресијата и го ослободува стресот од вашето тело. Како воопшто да ви требаше причина повеќе :)

prodolzete-si-go-zivotot-3

Одморете се

Помалку од 6-7 часа спиење го загрозува здравјето. Зголемувањето на крвниот притисок и холестерол се јавува поради недостаток на сон, а други последици се намалена меморија, зголемен стрес и ризик од депресија.

prodolzete-si-go-zivotot-2

Релаксирајте се

Како што стресот има негативно влијание на вашиот организам, така релаксацијата влијае позитивно. Потребно ви е само место за седење и 20 минути дневно за да се ослободите од стресот и да го намалите крвниот притисок. Седнете на удобно место, исправете го грбот, а стапалата нека ви го допираат подот. Затворте ги очите и вдишете низ носот, почувствувајте како здивот го исполнувa вашето тело. Издишете преку носот сè додека не се почувствувате како да сте го исфрлиле целиот воздух од телото. Додека го повторувате ова во себе кажувајте си еден единствен збор кој ви значи нешто и ве асоцира на убави работи. Обидете се да го правите ова секој ден, барем неколку пати по 2-3 минути.

Играјте игри

Судоку, крстозбори, шах и други друштвени игри ги подобруваат памтењето и концентрацијата.

prodolzete-si-go-zivotot-4

Засакајте го вежбањето

Сите знаеме дека физичката активност е клучна за добро здравје, па најдобро би било кога не би го сфаќале вежбањето како обврска. Одберете го она што најмногу ви се допаѓа и барем три пати неделно најдете половина час за тоа. Немојте да бидете нетрпеливи, ако очекувате драстични промени за само неколку дена ќе се разочарате и набрзо ќе се откажете.

prodolzete-si-go-zivotot-5

Поминувајте време со луѓето кои ви се драги

Поврзаноста во пријателските и љубовните односи го зајакнува имунитетот, самодовербата, а вас ве одржува млади. Осаменоста е поврзана со појавата на алцхајмерова болест.

prodolzete-si-go-zivotot-7

Имајте позитивен став кон животот

Едно истражување покажа дека оптимистите во просек живеат 7,5 години подолго од оние кои имаат негативен став. Насмевнете се, веќе знаете зошто, нели? :)

Би можело да ве интересира:

Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Симптоми, ризични фактори: Работи што секоја жена мора да ги знае за ракот на јајници Шансите за лекување се драстично поголеми ако ракот на јајници се открие рано. З...
Дали е безбедно, дали боли – Што треба да знаете за отстранувањето на бенките? Повеќето бенки се безопасни, но некои луѓе сепак сакат да ги отстранат од естетс...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сопругот ме омаловажува и навредува – Може ли да се промени?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg