Што е синузитис, како се лекува и дали е заразен?

Синузитисот е воспаление на синусите и може да биде предизвикан и од вирусни, и од бактериски инфекции.

shto-e-sinuzitis-kakvi-vidovi-postojat-i-dali-e-zarazen-01.jpg

Синузитис е воспаление на ткивата во синусите. Оваа состојба предизвикува болка во лицето, затнат нос или секрет од носот, а понекогаш и треска.

Најчесто е предизвикан од обична настинка, но и други вируси, бактерии и алергии исто така може да предизвикаат синузитис.

Неколку работи што треба да ги знаете за оваа болест:

Што е синузитис?

Синузитис е воспаление или оток на ткивото што ги обложува синусите. Синусите создаваат слуз, која ја одржува влажна внатрешноста на носот. Тоа, пак, помага да се заштити од прашина, алергени и загадувачи.

Здравите синуси се полни со воздух. Но, кога ќе се блокираат и ќе се наполнат со течност, бактериите може да се размножуваат и да предизвикаат инфекција.

Некои од состојбите кои може да предизвикаат блокада на синусите се:

  • Обична настинка
  • Алергиски ринитис, оток на слузницата на носот предизвикан од алергени
  • Мали израстоци во слузницата на носот, наречени назални полипи
  • Искривена носна шуплина

Видови синузитис

Постојат неколку различни видови синузитис. Лекарите ќе одредат за кој вид станува збор според тоа колку долго сте имале симптоми.

Видови синузитис:

  • Акутен
  • Хроничен
  • Субакутен
  • Рекурентен
  • Габичен
  • Пансинузитис

shto-e-sinuzitis-kakvi-vidovi-postojat-i-dali-e-zarazen-02.jpg

Акутен синузитис

Овој вид најчесто е предизвикан од обична настинка. Во рок од 10 дена веќе треба да се чувствувате подобро, иако симптомите може да потраат и до 4 недели.

Кај овој вид симптомите вклучуваат затнат нос, густ зелен или жолт секрет, болка, притисок или оток, главоболка, притисок во увото, кашлица...

Хроничен синузитис

Хроничниот синузитис ги носи истите непријатности како и акутниот. Но, трае многу подолго. Нема да ви биде дијагностициран хроничен синузитис додека не ги имате симптомите најмалку 3 месеци.

Не е секогаш јасно од што е предизвикан овој вид, но некои работи го зголемуваат ризикот од негово појавување, вклучувајќи и назални полипи, алергии, повторливи респираторни инфекции, болести кои влијаат на имунолошкиот систем, како цистична фиброза и ХИВ.

Субакутен синузитис

Овој тип на синузитис спаѓа помеѓу акутен и хроничен. Ако вашиот синузитис трае повеќе од 4 недели, но помалку од 12 недели, ќе ви биде дијагностициран субакутен синузитис.

shto-e-sinuzitis-kakvi-vidovi-postojat-i-dali-e-zarazen-03.jpg

Рекурентен синузитис

Ако имате акутен синузитис четири или повеќепати годишно, таа состојба се нарекува рекурентен синузитис.

Ако редовно вдишувате чад од тутун или други надразнувачи во воздухот, може да имате поголем ризик од повторен синузитис.

Габичен синузитис

Некогаш може да се јави габична инфекција и на синусите, која е позната како габичен синузитис.

Постојат две главни категории - инвазивен габичен синузитис (овие ретки инфекции може да се прошират на очите, мозокот и други места) и неинвазивен габичен синузитис (влијае само на носот и областа на синусите).

Алергиски синузитис

Прашината, поленот, чадот и другите надразнувачи на околината што се вдишуваат, може да предизвикаат синузитис.

Симптомите главно се слични на другите видови синузитис, но за овој вид е карактеристично тоа што предизвикува чешање на носот, очите и грлото.

Симптомите може да се појавуваат и да исчезнуваат со годишните времиња, бидејќи количината на алергени во воздухот се менува во текот на годината.

Пансинузитис

Во најчести случаи, инфекцијата на синусите не ги зафаќа сите четири пара синуси во главата, туку влијае само на еден или два.

Но, понекогаш, сите четири пара може да бидат инфицирани одеднаш. Оваа состојба е позната како пансинузитис.

shto-e-sinuzitis-kakvi-vidovi-postojat-i-dali-e-zarazen-04.jpg

Кои личности добиваат синузитис?

Многу луѓе имаат синузитис барем еднаш годишно, а поверојатно е да добиете синузитис ако имате:

  • Оток во внатрешноста на носот
  • Блокирани дренажни канали
  • Назални полипи
  • Ослабен имунолошки систем

Кај децата, некои од факторите кои може да предизвикаат синузитис се следниве:

  • Алергии
  • Болести од други деца (од градинка или училиште)
  • Чад во околината
  • Пиење од шише додека лежат на грб
  • Цуцли

Кај возрасните, главните работи што го прават синузитисот се инфекциите и пушењето.

shto-e-sinuzitis-kakvi-vidovi-postojat-i-dali-e-zarazen-05.jpg

Дали синузитисот е заразен?

Самиот синузитис не може да се пренесе од човек на човек, па затоа не е заразен. Но, причината за вашиот синузитис најверојатно е заразна.

Во повеќето случаи, воспалението е предизвикано од обична настинка, вирусна инфекција, а тој вирус може да се шири преку респираторни капки, преку устата и носот кога кашлате или кивате, па дури и кога зборувате.

Исто така, некои бактериски инфекции кои предизвикуваат синузитис може да се шират за време на близок контакт или со допирање контаминиран предмет.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Аденовирус кај деца: Како се пренесува, кои се симптомите и како се третира? Инфекцијата со аденовирус може да се појави кај дете на која било возраст. Децат...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg