Што е маститис, кои се симптомите и ризик фактори за негово појавување?

Маститисот на лактација, кој се појавува кога жените дојат, може да биде навистина исцрпувачки. Па затоа, ако забележите некои од симптомите кои упатуваат на маститис, важно е уште веднаш да се јавите кај вашиот лекар.

shto-e-mastitis-koi-se-simptomite-i-rizik-faktori-za-negovo-pojavuvanje-01.jpg

Маститисот е воспаление на ткивото на дојката. Понекогаш може да вклучува инфекција, предизвикувајќи оток и црвенило.

Освен тоа, маститисот е причина за болка и топлина во градите, а може да предизвика и треска.

Маститисот најчесто ги погодува жените кои дојат и се нарекува маститис на лактација. Но, маститис може да се појави и кај личности кои не дојат.

Маститисот за време на лактацијата може да биде исцрпувачки, што ја отежнува грижата за бебето.

Многу мајки во овие моменти се откажуваат да ги одвикнат своите малечки од доење, но, експертите советуваат дека во вакви случаи подобро е да доите, како за вас, така и за вашето бебе.

Ова важи дури и ако земате антибиотици (зависно кои според лекарска препорака), но секако, треба да ги следите инструкциите кои ќе ви ги даде вашиот лекар и ништо да не преземате на своја рака.

Симптоми на маститис

Симптомите на маститис може да се појават одеднаш. Тие може да бидат присутни во едната или во двете гради.

Симптомите може да вклучуваат:

  • Чувствителност или топлина на дојките
  • Оток на градите
  • Грутка на дојката
  • Болка или чувство на печење, постојано или додека доите
  • Црвенило на кожата
  • Чувство како да сте болни
  • Температура од над 38°C

Ако имате непријатности и забележувате некои од овие симптоми, веднаш обратете се кај вашиот лекар.

shto-e-mastitis-koi-se-simptomite-i-rizik-faktori-za-negovo-pojavuvanje-02.jpg

Што го предизвикува маститисот?

Млекото што е заглавено во градите е главната причина за појава на маститис.

Други причини вклучуваат:

Блокиран млечен канал. Ако дојката не се испразни до крај за време на доењето, некој од млечните канали може да се затне. Потоа, млекото се враќа, што доведува до инфекција на дојката.

Бактериите навлезени во градите. Микробите од површината на кожата и устата на бебето можат да навлезат во млечните канали. Ова може да се случи преку пукнатина на кожата на брадавицата или преку отворот на млечниот канал.

shto-e-mastitis-koi-se-simptomite-i-rizik-faktori-za-negovo-pojavuvanje-03.jpg

Ризик фактори за појава на маститис

Ризик факторите за појава на маститис вклучуваат:

  • Историја на маститис
  • Болни или испукани брадавици
  • Носење тесен градник
  • Неправилно доење
  • Преголем умор или стрес
  • Недоволно јадење
  • Пушење

shto-e-mastitis-koi-se-simptomite-i-rizik-faktori-za-negovo-pojavuvanje-04.jpg

Компликации од маститис

Маститисот што не се лекува и кој се должи на блокиран канал, може да предизвика собирање гној во градите. Ова се нарекува апсцес. Апсцесот најчесто треба да се исцеди хируршки.

За да ја избегнете оваа компликација, разговарајте со вашиот лекар уште веднаш штом ќе добиете симптоми на маститис. Можеби ќе ви бидат препишани антибиотици.

shto-e-mastitis-koi-se-simptomite-i-rizik-faktori-za-negovo-pojavuvanje-05.jpg

Превенција од појава на маститис

Намалете ги шансите за добивање маститис, следејќи ги овие совети:

  • Дозволете му на бебето целосно да ја испразни едната дојка, пред да го ставите на другата
  • Погрижете се бебето добро да биде зацврстено за дојката за време на хранењето
  • Ако пушите, разговарајте со стручни лица како да се откажете
  • Доколку не ви е испразнета дојката, измолзете со помош на раце или рачна/електрична пумпа

Ако имате тешкотии при доењето или забележувате какви било симптоми кои упатуваат на маститис, веднаш обратете се кај вашиот лекар кој ќе ви ја следи состојбата!

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg