7 знаци дека треба да посетите кардиолог

Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка активност. Кои се другите знаци дека треба да одите на кардиолог?

7-znaci-deka-treba-da-posetite-kardiolog-01.jpg

Проблемите со срцето се најчестата причина за смрт ширум светот.

Срцето е дел од кардиоваскуларниот систем со чија помош низ телото се разнесуваат кислородот и хранливите материи што ги внесуваме.

Добрите вести се дека мнозинството проблеми со кардиоваскуларниот систем се превентивни.

Здравата исхрана, физичката активност, но и редовните рутински прегледи се клучни - не треба да чекате да доживеете инфаркт за да посетите кардиолог.

Во зависност од возраста и вашата целокупна здравствена состојба препорачливо е да правите детален преглед на секои две до четири години.

А, ако чувствувате некој од следните симптоми, не ја одолговлекувајте посетата на лекар:

Болки во градите

Постојат бројни причини за болка во градите кои не се поврзани со срцето.

Но, ако често чувствувате болка и притисок или ако болката се влошува со физичка активност, можеби има проблем со дотокот на крв до срцето.

Болката во срцето може да биде и симптом за инфаркт, па ако сте во ризична група, не ја игнорирајте.

7-znaci-deka-treba-da-posetite-kardiolog-02.JPG

Имате хроничен висок притисок

Крвниот притисок се однесува на силата со која крвта се движи низ артериите и притиска на нивните ѕидови.

Ако имате хроничен висок притисок, тогаш вашето срце работи понапорно, со што се зголемува ризикот од инфаркт или мозочен удар.

Често се соочувате со испрекинато/отежнато дишење, палпитации или вртоглавица

Овие симптоми можат да се јават и од други здравствени проблеми, па не е препорачливо да ги игнорирате.

Доколку се причинети од срцето, можно е да станува збор за неправилен срцев ритам или болест на коронарната артерија.

7-znaci-deka-treba-da-posetite-kardiolog-03.JPG

Имате дијабетес

Нерегулираниот шеќер во крвта има влијание врз функцијата на крвните садови и може да го зголеми ризикот од болест на коронарната артерија.

Па, ако имате дијабетес, во консултација со вашиот лекар, редовно проверувајте го и срцето.

И, секако, следете ги препораките на лекарот за справување со вашата болест.

7-znaci-deka-treba-da-posetite-kardiolog-04.JPG

Имате висок холестерол

Холестеролот се вид масти, а кога нивното ниво во организмот е покачено, може да почнат да се таложат на артериите.

Ова, пак, може да биде причина за низа проблеми со срцето.

Ако имате висок холестерол, не го игнорирајте и регулирајте го следејќи ги препораките на вашиот лекар.

Имате хронична болест на бубрезите

Неправилната функција на бубрезите го зголемува ризикот од кардиоваскуларни проблеми, како висок крвен притисок.

Па, ако имате некоја хронична болест на бубрезите, не заборавајте да се консултирате и со кардиолог.

7-znaci-deka-treba-da-posetite-kardiolog-05.JPG

Не сте доволно физички активни и не се храните здраво

Веќе спомнавме дека физичката активност и здравата исхрана се клучни за здравјето на срцето.

Па, ако не внимавате на овие работи, проверете го срцето, но и почнете уште веднаш да правите промени во животните навики.

7-znaci-deka-treba-da-posetite-kardiolog-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg