Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек)

Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 година. Досега, заразата со вирусот е причина за над седум милиони смртни случаи ширум светот…

najsmrtonosnite-virusi-so-koi-mozhete-da-se-zarazite-i-dali-ima-lek-01.jpg

Вирусите постојат уште пред луѓето, а за некои видови се верува дека се постари и од најраните животни форми што ни се познати.

Интересно е што вирусите не се сметат ни за живи, ни за мртви, но можат да ги нападнат скоро сите живи форми на планетата.

Некои предизвикуваат слаби симптоми, некои не ги ни чувствуваме, но некои можат да бидат и смртоносни.

Дел од најсмртоносните вируси со кои се соочило човештвото:

Марбург

Вирусот марбург првпат бил забележан во 1967 година, во лабораторија во Германија. Работниците во лабораторијата се заразиле од мајмуни кои биле донесени од Уганда.

Тогаш стапката на смртност била 24%, но кон крајот на 1990-тите, кога вирусот се појавил во Конго, стапката на смртност пораснала на 83%.

Во 2017-та, пак, кога вирусот се појавил во Уганда, стапката на смртност била 100%.

Експертите го опишуваат вирусот како сличен на ебола, бидејќи може да предизвика многу висока треска и крвавење од целото тело, што пак е причина за откажување на органите и потоа смрт.

Засега нема вакцина за вирусот, а нема ни многу ефикасна терапија.

За среќа, вирусот засега е далеку од нас и во поново време е забележуван во Африка.

najsmrtonosnite-virusi-so-koi-mozhete-da-se-zarazite-i-dali-ima-lek-02_copy.JPG

Ебола

Првите случаи на зараза со ебола се забележани во 1976 година, во Судан и Конго.

Има неколку видови ебола вирус, а сите се со различна стапка на смртност.

На пример, еден вид воопшто не предизвикува симптоми кај луѓето, но може да биде смртоносен за примати.

Најсмртоносниот вид е познат како „zaire“ и стапката на смртност кај луѓето е и до 90%.

Најголемата пандемија со ебола забележана досега е од 2014 година, во Африка, кога се заразиле околу 28.000 луѓе, од кои починале околу 11.300.

Во 2020 година беше одобрена вакцина за ебола која се покажува како ефикасна и против најсмртоносниот вид на вирусот.

najsmrtonosnite-virusi-so-koi-mozhete-da-se-zarazite-i-dali-ima-lek-03_copy.JPG

Беснило

Вакцините за беснило постојат уште од 1920-тите, па болеста е мошне ретка во развиените земји.

Но, беснилото претставува сериозен проблем во Индија и некои делови од Африка, каде што годишно умираат и до 59.000 луѓе.

Беснилото се пренесува од заразени животи, преку касање или гребење.

А, она што е клучно е вакцината да се прими што е можно побрзо по заразата.

Доколку почнат да се појавуваат симптоми, смртта е речиси неизбежна бидејќи тогаш стапката на смртност е и до 99%.

Беснилото го напаѓа мозокот и најпрво се појавуваат симптоми слични на грип, како треска и гадење.

Сериозните симптоми се невролошки и вклучуваат раздразливост, па дури и агресивно однесување.

najsmrtonosnite-virusi-so-koi-mozhete-da-se-zarazite-i-dali-ima-lek-04_copy.JPG

ХИВ

Иако денес постојат терапии за ХИВ, вирусот сепак останува еден од најсмртоносните.

Вирусот првпат бил забележан во 1980-тите, и се претпоставува дека оттогаш, од ХИВ починале 32 милиони луѓе ширум светот.

Модерните терапии им овозможуваат на заразените да живеат подолг и релативно нормален живот.

Сепак, овие третмани не се достапни за луѓето од сиромашните земји каде што, пак, има и највисока стапка на зараза.

Вирусот се пренесува преку некои телесни течности, како крв, сперма, вагинален исцедок...

Односно, можете да се заразите преку незаштитен сексуален однос со заразена личност или доколку вашата крв дојде во контакт со крвта на заразена личност.

najsmrtonosnite-virusi-so-koi-mozhete-da-se-zarazite-i-dali-ima-lek-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg