Депресија за време на бременост – кои жени се изложени на најголем ризик и како да ја препознаете?

Пренаталната депресија е ментално нарушување за време на бременоста и важно е да побарате помош бидејќи во посериозни случаи, може да доведе до мисли за самоповредување, па и самоубиство.

depresija-za-vreme-na-bremenost-koi-zheni-se-izlozheni-na-najgolem-rizik-i-kako-da-ja-prepoznaete-01.jpg

Секоја жена слушнала за постпородилна депресија, но знаевте ли дека депресијата може да се јави и за време на бременоста?

Ова ментално нарушување, познато како пренатална депресија, не треба да се игнорира и доколку чувствувате симптоми, важно е да се консултирате со експерт.

Што треба да знаете за пренатална депресија?

Што претставува пренатална депресија и во кој период од бременоста се јавува?

Депресијата е ментално нарушување кое предизвикува постојани чувства на тага и безнадежност.

Кај оние кои страдаат од нарушувањето, може да се изгуби интересот за работи кои претходно им причинувале задоволство, а можат да почнат и целосно да се изолираат.

Во посериозни случаи, лицата со депресија може да почнат и да се самоповредуваат, па и да посегнат по својот живот.

Генерално, симптомите на пренатална депресија се исти како и вообичаената депресија.

Разликата е во тоа што се јавува за време на бременост.

depresija-za-vreme-na-bremenost-koi-zheni-se-izlozheni-na-najgolem-rizik-i-kako-da-ja-prepoznaete-02.JPG

Кој е изложен на поголем ризик?

Секоја жена може да се соочи со пренаталната депресија.

Но, постојат и ризични фактори, како семејна историја на проблеми со менталното здравје или претходно искуство со депресија, анксиозност и слични нарушувања.

Истовремено, пренатална депресија почесто се јавува кај жени кои:

  • Носат дете со здравствен проблем или посебни потреби
  • Се бремени во стресен период од животот, како развод, финансиски проблеми и слично
  • Очекуваат близнаци или тројка
  • Не ја планирале бременоста
  • Немаат партнер, пријатели или семејство како поддршка за време на бременоста
  • Имале проблеми со плодност пред да зачнат

depresija-za-vreme-na-bremenost-koi-zheni-se-izlozheni-na-najgolem-rizik-i-kako-da-ja-prepoznaete-03.JPG

Кои се симптомите на пренатална депресија?

Чувствата на тага, анксиозност и грижа се нормална појава кај секого, дури и кај бремените жени.

Но, штом симптомите траат подолго од неколку недели или се влошуваат, тогаш можно е да станува збор за пренатална депресија.

Дел од симптомите се:

  • Анксиозност, претерана грижа и нерационални мисли
  • Промени во апетитот и нагло слабеење или дебелеење кое не е поврзано со бременоста
  • Намален интерес за активности во кои претходно сте уживале
  • Изолирање од саканите
  • Замор, поголема потреба за сон, но и инсомнија
  • Чувства на тага, безнадежност, „празнина“, вина…
  • Раздразливост, често плачење и други чести и нагли промени во расположението
  • Намален интерес за секс или за партнерот воопшто
  • Физички симптоми без друга причина, како главоболка, проблеми со дигестивниот систем или болки во мускулите
  • Проблеми со концентрацијата и помнењето

Во посериозни случаи, може да се јават и мисли за самоповредување или самоубиство.

depresija-za-vreme-na-bremenost-koi-zheni-se-izlozheni-na-najgolem-rizik-i-kako-da-ja-prepoznaete-04.JPG

Како се лекува пренаталната депресија?

Особено е важно да побарате помош доколку ги чувствувате овие симптоми.

Депресијата е нарушување кое може да се излечи и не треба да страдате, па и да си го ризикувате животот.

Денес постојат разни третмани за депресија и психолог или психијатар може да одреди кој е најдобриот за вас.

Покрај антидепресиви, постои терапија со разговор, како и когнитивно бихевиорална терапија.

Немојте сами да ја лекувате пренаталната депресија, особено не со лекови бидејќи некои антидепресиви и седативи може да не бидат погодни за бремени жени.

Побарајте помош и поддршка од професионалец, како и од најблиските луѓе во вашиот живот.

depresija-za-vreme-na-bremenost-koi-zheni-se-izlozheni-na-najgolem-rizik-i-kako-da-ja-prepoznaete-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Знаци дека можеби имате анксиозно нарушување (дури и ако не ви изгледа така) Сте доживеале голема животна промена со која тешко се справувате или, пак, забел...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава