Необични однесувања кои некогаш се знак за скриена депресија

Не чувствувате ништо – рамнодушни сте кон работи кои претходно ве правеле среќи или тажни.

neobichni-odnesuvanja-koi-nekogash-se-znak-za-skriena-depresija-01.jpg

Депресијата не е секогаш очигледна, дури и за оние кои страдаат од неа.

Симптомите на депресијата не се секогаш изразени и луѓето кои не се запознати со нарушувањето, може и да превидат дека страдаат.

Но, постојат некои однесувања кои можат да бидат показател на скриена депресија.

Не секое вакво однесување е сигурен знак за депресија и за да добиете соодветна дијагноза, секогаш консултирајте се со експерт.

Во продолжение, однесувања кои можат да бидат знак за депресија:

Сакате постојано да бидете зафатени

Точно е дека во модерното општество сите имаме натрупани распореди.

Но, ако постојано барате некаква обврска и не си дозволувате да одморите ни за миг, можно е да имате депресија.

Несвесно, вие бегате од депресивните чувства и мисли така што се трупате со работа.

Не чувствувате ништо

Честа заблуда за депресијата е дека предизвикува само чувство на тага и постојано плачење.

Но, депресијата може да предизвика и апатија.

Ако забележувате дека сте рамнодушни и на тажни, и на убави моменти, и ако ништо не ви буди некаква емоција, можно е да имате депресија.

neobichni-odnesuvanja-koi-nekogash-se-znak-za-skriena-depresija-02.jpg

Не можете да спиете

Познато е дека депресијата предизвикува зголемена потреба за сон.

Сепак, важи и спротивното – депресијата може да предизвика несоница.

Неодлучни сте

Депресијата има влијание и врз делот од мозокот одговорен за одлучување.

Ако ви е тешко да направите избор дури и за најмала одлука, можно е да имате депресија.

neobichni-odnesuvanja-koi-nekogash-se-znak-za-skriena-depresija-03.jpg

Избувливи се

Гневот е уште една емоција што може да ја придружува депресијата.

Ако ве разгневуваат ситници кои претходно не сте ги ни забележувале, можно е да имате проблем со менталното здравје.

Плачете за ситници

Ако отсекогаш сте биле емотивна личност која плаче во емотивни ситуации, ова не треба да ве загрижува.

Сепак, сите различно реагираме во разни ситуации.

Но, ако одеднаш почнете да плачете за работи кои претходно не ве допирале или во ситуации кога никогаш претходно не сте плачеле, можеби станува збор за депресија.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg