4 чаеви со кои побрзо ќе ги излечите уринарните инфекции

Сигурно веќе знаете дека е препорачливо да пиете увин чај за уринарни инфекции. Но, од помош може да ви биде и чајот од овес кој се прави многу лесно.

4-chaevi-so-koi-pobrzo-kje-gi-izlechite-urinarnite-infekcii01.jpg

Инфекциите на уринарниот систем се честа појава, особен кај жените, поради нивната анатомија.

Уринарниот систем го сочинуваат мочниот меур, мочоводот и бубрезите.

Инфекциите најчесто се локализирани на мочниот меур, но ако не се третираат можат да се префрлат и на останатите делови.

Ако имате инфекција, секогаш треба да се консултирате со лекар.

Но, постојат и чаеви кои се верува дека природно го забрзуваат процесот на лекување.

Четири чаеви кои можат да ви помогнат кога имате уринарна инфекција:

Чај од коприва

Копривата има антибактериски, антигабични и антивоспалителни својства, а можете да го пиете секој ден.

4-chaevi-so-koi-pobrzo-kje-gi-izlechite-urinarnite-infekcii02.jpg

Увин чај

Досега сигурно сте слушнале дека овој чај е идеален за уринарни инфекции.

Увиниот чај ја зголемува потребата за мокрење, што е добро кога имате инфекција, а притоа има и антибактериско својство.

Но, не е препорачливо да пиете увин чај повеќе од две недели.

Чај од овес

Можеби чајот од овес не би ви бил првиот избор, но се верува дека може да биде од помош при уринарни инфекции.

За да го направите, треба да користите нелупен овес бидејќи неговата лушпа има многу хранливи материи.

Во 800 милилитри вода ставете две лажици нелупен овес.

За подобар вкус можете да одадете цимет (стапче или во прав), како и мед.

Ставете го тенџерето на оган и откако ќе зоврие, намалете ја температурата и варете околу десет минути.

Откако ќе се излади, прецедете го и испијте го во текот на денот.

Можете да го пиете секој ден додека да ви помине инфекцијата.

4-chaevi-so-koi-pobrzo-kje-gi-izlechite-urinarnite-infekcii03.jpg

Чај од магдонос

И овој чај делува како диуретик, односно го поттикнува мокрењето, со што го забрзува закрепнувањето.

Чајот од магдонос може да се пие и превентивно ако сте склони кон уринарни инфекции.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg