Видови болка кои никако не треба да ги игнорирате, според доктор
Болката во стомакот не е невообичаена појава, но кога е многу силна, не поминува и се засилува, консултирајте се со лекар, за секој случај.
Одвреме-навреме е сосема нормално да почувствуваме болка во некој дел од телото.
И, штом болката не е интензивна и поминува сама од себе, повеќето настојуваме да ја игнорираме. Но, лекарите предупредуваат дека некои видови болка никако не треба да се игнорираат.
„Болката може да варира од личност од личност и некогаш луѓе кои имаат послаба болка, може да се соочуваат со нешто посериозно.
Па затоа, не треба да ја игнорираме болката“, вели доктор од Питсбург, САД за магазинот HuffPost.
За магазинот тој споделува кои се петте видови болка што можат да бидат знак за нешто сериозно:
Ненадејна болка која не поминува
Болката која се појавува ненадејно, а притоа е многу интензивна и не поминува, никогаш не треба да се игнорира, без разлика на кој дел од телото е.
Не значи дека болката е предизвикана од нешто сериозно, но докторот советува дека не треба а ризикувате и да одите на преглед, особено ако никогаш дотогаш не се почувствувале слична болка.
Болка во градите
Болката во градите може да биде симптом за инфаркт и токму затоа никогаш не треба да се игнорира, дури и ако не сте во ризична група.
Докторот истакнува дека болката во градите е загрижувачка кај повозрасни луѓе и кај лица со веќе постоечки проблеми со срцето.
Покрај инфаркт, острата болка во градите може да биде предизвикана и од други проблеми, како оштетување на некој крвен сад во белите дробови.
Болката може да биде предизвикана и од нешто безопасно, како киселини, но најдобро е да не ја игнорирате ако е силна и ненадејна.
Болка во листот придружена со црвенило
По напорен тренинг, нормално е да чувствувате болка во мускулите, вклучително и листовите.
Но, ако почнете да чувствувате болка без причина, а притоа забележувате и отоци и црвенило на листовите, задолжително одете на лекар.
Ваквата болка со оток може да биде предизвикана од згрутчување на крвта или, пак, длабока венска тромбоза.
Остра и силна болка во горниот дел од грбот
Болката во грбот може да биде предизвикана од бројни фактори – од спиење во лоша положба, до напорен тренинг.
Но, кога болката е премногу остра, нагла и силна, како да сте прободени со нож, не би требало да ја игнорирате.
Ова некогаш може да биде знак за проблем со аортата – најголемата артерија во телото.
Одредени болки во долниот дел од стомакот
Кај жените, болките во долниот дел од стомакот се нормални за време на менструација, а некогаш и за време на овулација.
Но, кога не се предизвикани од очигледна причина, болките во стомакот можат да бидат знак за разни проблеми – од камења во бубрезите, до некаква инфекција.
Ако болката не поминува неколку часа, ако се засилува или е ненадејна и остра, тогаш консултирајте се со лекар, за секој случај.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





