Моќта на бананите

mokjta-na-bananite-povekjeКако што е веќе познато бананите се вистински мали складишта на енергија, но освен што помагаат да останеме во добра форма, тие може да помогнат во...

 

...надминување или спречување на огромен број болести. За што се може да ви помогнат прочитајте подолу.

1.Лек за нерви
Бананите содржат големи количини Б витамин кој го смирува нервниот систем.mokjta-na-bananite

2. Борец против стрес
Калиумот е минерал кој помага во нормализирање на отчукувањата на срцето, испраќа кислород до мозокот и ја регулира количината на вода во телото. Кога сме под стрес, нашиот метаболизам се забрзува, па нивото на калиум се намалува. Рамнотежата може да се врати со залче банана.

3. Помага при депресија
Причина за тоа е триптопханот кој се наоѓа во бананата. Триптопханот е вид белковина која телото ја претвора во серотонин познат по тоа што не опушта и го подобрува расположението.

4. Против висок крвен притисок
Бананата е богата со калиум, а содржи малку сол што ја прави совршен лек за оние кои имаат висок притисок.

5. Го ублажува ПМС-от
Витаминот Б6 кој го има во ова овошје го регулира нивото на глукоза во крвта која пак влијае на расположението.

6. За анемичарите
Бананата е богата со железо и го поттикнува создавањето на хемоглобин во крвта што помага кај анемијата.

7. Го подобрува помнењето
Калиумот кој го има во бананата ја поттикнува концентрацијата и помнењето.

8. Лек против мамурлук
Фрапе од банана засладен со мед е еден од најздравите природни лекови против мамурлук. Бананата го смирува желудникот и со помош на медот го надоградува потрошеното ниво на шеќер, додека пак млекото хидрира.

9. Против чир на желудник
Бананата е единственото свежо овошје кое може да се зема без да има последици кај хроничните болни. Таа е и лек против нарушената работа на цревата. Бананата ја неутрализира пресилната киселина и ја намалува надразнетоста обложувајќи ја внатрешноста на желудникот.

Би можело да ве интересира:

Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Шест физички симптоми на деменција (кои лесно се игнорираат) Промените во спиењето, како будење среде ноќ и месечарење, може да се знак за де...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Симптоми кои ви е срам да ги споделите со лекар, но може да се знак за ректален рак Симптомите како крв во столицата некогаш може да бидат знак за рак на ректумот. ...
Колку се опасни масните наслаги на стомакот (и кога да одите на лекар)? Вишокот масни наслаги на стомакот обично значи и вишок висцерални масти – масно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg