Јогурт за добар ден

jogurt-za-dobar-den-povekjeЈогуртот е вистинска мала ризница на протеини, витамини и минерали. Тој е одличен извор на калциум, кој е одговорен за растот, развојот и одржувањето...

 

...на коските во било кој животен период. Јогуртот има многу важна улога и во превенцијата од остеопороза.

Само јогуртот кој содржи жива јогуртна култура помага во одржувањето на чувствителната рамнотежа на цревната микрофлора.

Јогуртот кој содржи идеална формула на коензимот LJ10 и L карнитин игра многу jogurt-za-dobar-denважна улога во согорувањето на мастите бидејќи делува на начин кој го стимулира метаболизмот и ја зголемува трансформацијата на мастите, како и создавањето на мускулна маса.

Нутриционистите објаснуваат дека јогуртот е одлична замена за млекото кое многумина не го поднесуваат, а исто така е идеален и за оние кои се обидуваат да ја намалат телесната тежина.

Токму затоа јогуртот треба да биде дел од секојдневната исхрана. Всушност промената на начинот на исхрана е основа за лечење на многу здравствени проблеми како и подбрување на физичкиот изглед.

Производството и употребата на јогуртот започнале пред неколку илјади години на Средниот исток, централна Азија и одредени делови на Далечниот исток.

За позитивното влијание на јогуртот врз човековото здравје и неговото лаксативно делување пишувале и старогрчките лекари.

Во 16-от век еден ерменски доктор со помош на овој „чудесен“ напиток го излечил тогашниот француски крал од меланхолија и проблеми со варењето. Токму затоа французите го нарекуваат јогуртот “млеко на вечниот живот“.

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Дали сите мажи (ќе) имаат зголемена простата + кои се симптомите? Не е познато што точно ја предизвикува зголемената простата, но факт е дека ова ...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Храна и суплементи што треба да ги ограничите ако примате терапија за хипотироидизам Некои суплементи, како железо и калциум, можат да имаат влијание врз апсорпцијат...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Храна и пијалаци што ќе ви помогнат ако се прејадете за време на празниците (ја намалуваат подуеност... Краставиците содржат висок процент на вода и го хидрираат телото, па може да пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg