Што е „машка менопауза“ (и дали се јавува кај сите мажи)?

Иако се нарекува „машка менопауза“, овој процес не е ист како менопаузата кај жените бидејќи хормоналните промени кај двата пола се случуваат различно.

shto-e-mashka-menopauza-i-dali-se-javuva-kaj-site-mazhi-01.jpg

Таканаречената машка менопауза претставува намалување на нивото на тестостерон кај мажите по одредена возраст.

Важно е да се нагласи дека терминот „машка менопауза“ не значи дека овој процес почнува кај сите мажи.

Односно, не е ист како менопаузата кај жените бидејќи хормоналните промени кои настануваат кај двата пола се различни.

Што значи, мажите не минуваат низ менопауза или сличен процес како жените.

Но, нивото на тестостерон може да се намали повеќе од вообичаеното, па добро е мажите да бидат свесни за симптомите.

shto-e-mashka-menopauza-i-dali-se-javuva-kaj-site-mazhi-06.JPG

Како функционираат женските, а како машките хормони?

Кај жените, менопаузата го претставува периодот од животот кога престануваат да добиваат менструација и повеќе не можат да забременат.

Обично транзицијата кон менопауза почнува околу 45-тата година, но возраста може да варира – кај некои жени порано, а кај некои подоцна.

Кај жените, со текот на времето се намалува лачењето на хормоните прогестерон и естроген и тогаш почнува транзицијата кон менопауза.

Ова може да трае и неколку години, додека менструацијата да прекине целосно.

shto-e-mashka-menopauza-i-dali-se-javuva-kaj-site-mazhi-07.JPG

Кај мажите, од друга страна, „главен“ хормон е тестостеронот.

По 40-тата година, неговото лачење се намалува за околу 1% годишно.

Но, ова намалување главно е занемарливо и за разлика од жените, мажите не чувствуваат симптоми.

shto-e-mashka-menopauza-i-dali-se-javuva-kaj-site-mazhi-02.JPG

Што точно претставува „машка менопауза“?

Кај мал процент од средовечните мажи, нивото на тестостерон може да опадне повеќе од нормалата.

И, токму ова е познато како „машка менопауза“.

Нивото на тестостерон се утврдува со крвна слика, но бидејќи овие тестови не се рутински, многу мажи не се ни свесни дека имаат ниско ниво на тестостерон.

shto-e-mashka-menopauza-i-dali-se-javuva-kaj-site-mazhi-04.JPG

Кои се симптомите на „машка менопауза“?

Ако мажите чувствуваат невообичаени симптоми, не секогаш значи дека причината е ниско ниво на тестостерон.

Голем дел од симптомите всушност се предизвикани и од други фактори.

Дел од симптомите кои можат да се јават кај мажите во 40-тите и 50-тите години вклучуваат:

  • Променливо расположение и раздразливост
  • Намалена мускулна маса
  • Дебелеење, обично во областа на стомакот
  • Недостаток од енергија
  • Проблеми со спиењето
  • Проблеми со концентрацијата
  • Намалена желба за секс
  • Еректилна дисфункција

shto-e-mashka-menopauza-i-dali-se-javuva-kaj-site-mazhi-05.jpg

Кои се причините за „машка менопауза“ и кога да одите на лекар?

Симптомите што се јавуваат кај средовечните мажи некогаш се предизвикани од стрес, проблеми со менталното здравје, други здравствени проблеми…

Некогаш психолошките симптоми може да се и поради таканаречената „средовечна криза“, односно период од животот кога мажите чувствуваат изразена анксиозност и незадоволство бидејќи мислат дека им поминал половина живот.

Други можни причини за „машка менопауза“ се:

  • Недостаток од спиење
  • Лоша исхрана
  • Недостаток од вежбање
  • Пиење премногу алкохол
  • Пушење
  • Ниска самодоверба

Ако се соочувате со кој било од наведените симптоми и проблеми, секогаш е препорачливо да одите на лекар.

Мала е веројатноста причината да биде таканаречената „машка менопауза“, но тоа не значи дека не треба да се консултирате со експерт.

За жал, и во модерното општество мажите се соочени со стигма кога станува збор за менталното здравје и не бараат помош.

За психолошките симптоми некогаш ќе ви помогне и само разговор со експерт.

За физичките, вашиот лекар ќе ви помогне да ја утврдите точната причина и да добиете соодветен третман.

Доколку станува збор за ниско ниво на тестостерон, денес постојат терапии и за тоа.

shto-e-mashka-menopauza-i-dali-se-javuva-kaj-site-mazhi-03.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg