4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате

Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за менопауза треба да престанете да верувате?

4-te-najchesti-mitovi-za-menopauza-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-01.jpg

Менопаузата е нормален дел од животот на жените.

Но, и покрај ова, постојат многу митови кои можат да ги заплашат жените, но и да бидат ризични по нивното здравје.

Четирите најчести митови за менопауза:

Мит 1: Телото драстично ќе ви се промени

Иако е точно дека телото ќе ви се промени по менопаузата, ова не значи дека ќе се изобличите.

Многу жени постојано слушаат за тоа дека по менопауза, многу ќе се здебелат и дека ништо не можат да направат во врска со тоа.

Па, нормално е што со страв го исчекуваат овој период од животот.

Точно е дека по менопауза може да бидете посклони кон дебелеење, но ако се храните здраво и сте физички активни, генерално не би требало да забележите некои драстични промени.

Ако сте загрижени за промените кои ги гледате по менопаузата, секогаш е препорачливо да е консултирате со лекар.

Мит 2: По менопауза, нема никакво крвавење

Иако ретко, некои жени имаат крвавење откако ќе влезат во менопауза.

Но, важно е да знаете дека не е менструација и може да биде предизвикано од здравствен проблеми.

Менопауза се дијагностицира 12 месеци по последната менструација. Ако забележите крвавење по овој период, не го игнорирајте и одете на лекар.

4-te-najchesti-mitovi-za-menopauza-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-02.jpg

Мит 3: Менопаузата значи дека сте стари

Во просек, жените влегуваат во менопауза помеѓу 45 и 55 години.

Кај некои жени менопаузата почнува многу порано, уште во 30-тите, а кај некои и подоцна.

И жените на кои им се отстранети јајниците или матката исто така се во менопауза.

Па, менопаузата е само природен биолошки процес кој не е никаков показател за тоа дека сте стари.

И, дури и ако порано влезете во менопауза, не значи дека сте остареле побрзо.

Мит 4: Не се потреби консултации со гинеколог

Дури и ако сте немале никакви проблеми со женското здравје, штом ќе почнете да забележувате симптоми на перименопауза, добро е да имате консултација со лекар.

Поради хормоналните промени, можно е да се соочите со некои здравствени проблеми, а вашиот гинеколог ќе ве извести за нив, но и ќе ви помогне да ги излечите.

Па, не го прескокнувајте одењето на лекар.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg