Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како побрзо да заспиете?

Недостатокот на сон, а воедно и лошиот сон не треба да се игнорираат. Резултатите од недостатокот на сон највеќе се гледаат во лошата продуктивност...

 

...на работното место. Кај жените може да дојде и до неочекувана промена на расположението, манифестирање на непријателство и лутина, а исто така познато е дека се зголемува ризикот за добивање на дијабетис.

Наши совети за подобар сон се:

1. Ослободете се од несаканата врева. Партнер што хрчи, ѕиден часовник кој иритирачки откуцува...Тргнете ги сите работи кои ви пречат за да си направите една попријатна атмосфера, или ако веќе мора нешто да "ѕврцка", нека биде тоа релаксирачка, тивка музика.

2. Подгответе го вашето тело за сон
. Кога ќе легнете во кревет најубаво е најпрво да ги стегнете прсите на нозете, еден до друг, и да броите до 7 па потоа опуштете се. Направете го тоа со секоја група на мускули, се до мускулите на вратот.

kako-pobrzo-da-zaspiete1

3. Правете забелешки. Вашите секојдневни активности влијаат на вашиот сон. Водење на дневник најдобро би можело да ви помогне да откриете што вас највеќе ви смета при обидите да заспиете.

Се препорачува во вашиот дневник да пишувате за тоа колку кофеин конзумирате дневно, колку вежбате, што јадете, кога си легнувате, колку време ви треба да се наспиете и сл. Се смета дека сето ова влијае на сонот и може да ви помогне да го лоцирате проблемот со несоницата. 

4. Одржувајте ја свежината во вашиот дом. Луѓето многу полесно заспиваат кога нивната соба е посвежа. За време на ноќта, наместете ја вашата температура во собата да биде пониска од собната температура.

Доколку пак додека спиете ви е топло и се откривате, пробајте да спиете со тенка, памучна ноќница, на тенка постелнина или на поладен душек.

5.Креветот е за опуштање. Настојувајте сите сериозни муабети да ги направите најмалку 2 часа пред да си легнете за да бидете опуштени и изрелаксирани пред спиење.

Стручњаците препорачуваат пред спиење да си замислите некоја смирувачка сцена како на пример плажа или планина. Со тек на време ќе видите дека вашиот мозок ќе може се побрзо да се опушти.

Би можело да ве интересира:

Митови за дебелеење во менопауза во кои не треба да верувате (и како да ослабите) Дебелеењето во менопауза е честа појава кај жените, најчесто предизвикано од хор...
Кои се симптомите на цитомегаловирус и на кој начин се пренесува? Многу здрави луѓе не знаат дека во себе го носат овој вирус, а оние со ослабен и...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Одговори на прашања што (веројатно) ви е срам да му ги поставите на гинекологот Дали да го презакажете прегледот ако имате менструација и дали треба да се избри...
Што ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете јаглехидрати? Кршливи нокти, грчеви во мускулите, зголемена желба за благо – зошто не е препор...
Како најбрзо да ја излечите настинката (и што НЕ треба да правите)? Топлите течности, како чаеви и супи, можат да бидат од помош, но нема цврсти док...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg