Како да го започнеш денот?

kako-da-go-zapocnesh-denot-povekjeВи наведуваме пет здрави навики, кои можете лесно да ги применете во вашата дневна рутина, по можност  најдобро помеѓу ѕвонењето на будилникот...

 

...и одењето на работа. Овие совети се едноставни и корисни, а ќе ви помогнат да бидете здрави и секојдневно свежи.

1.  Протегнете се во креветот
Наместо денот да го започнете со жалење, протегнете се во постелата. На овој начин ќе ја поттикнете циркулацијата на крвта.

kako-da-go-zapocnesh-denot

2.  Пред појадокот, напијте се една чаша вода
Откако сте отспале 8 часа, на вашето тело потребна му е вода, подеднакво како и храна. Пред да се фатите за чај, кафе или сок, напијте се чаша вода. Добро хидратизираното тело функционира подобро.

3.  Појадувајте
Појадокот е навистина најважниот оброк. Со појадокот ги обезбедувате потребните калории за неопходното функционирање на телото.

4.  Раздвижете го телото
Вежбањето наутро подеднакво е како да му давате на своето тело физички кофеин. Ако не можете да одвоите доволно време за остварување на целата програма на вежби, со 10 минути, исто така, ќе се постигне задоволителен ефект.

5. Не, за втората чаша кафе
Особено во понеделник ќе добиете искушение да посегнете по вториот филџан кафе во канцеларијата, ако првото кафе сте го испиле дома. Екстра кофеинот веројатно ќе ве вознемири и ќе ја зголеми фреквенцијата на срцето. Затоа најдобро да се одлучите за некој чај.

Би можело да ве интересира:

Анкета на Клиниката за психијатрија под мотото „Спиј добро, живеј подобро“: 40% испитаници се соочув... Речиси 70% од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да з...
Трендови за здравје од 2025-та кои не се баш здрави, според експерти Опседнати сте со внесот на протеини, пиете многу суплементи, пробувате да му нап...
Луѓе кои имале рак споделуваат кои симптоми посакуваат да не ги игнорирале „Ненадејно слабеење. Прво ми годеше, но набрзо сфатив дека е предупредувачки зна...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Како да го дезинфицирате домот кога некој од семејството има грип? Откако болниот член на семејството ќе оздрави, препорачливо е да ги замените чет...
Обилен оброк, инфаркт или чир на желудник: Можни причини зошто имате киселини Ако киселините не ви поминуваат, ги забележувате почесто или стануваат поинтензи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg