Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како различните типови на дрога влијаат на мозокот?

drugs_smallОд вакви теми никогаш не е доста. Следува листа на најпознатите и најчесто употребуваните дроги со кратко објаснување на нивното... 

 

...негативно дејство врз мозокот на човекот.

Да почнеме...

heroinХероин
Крајно зависна опојна дрога. Мозочните клетки стануваат зависни до тој степен што за извршување на секојдневни работи чувствуваат потреба од хероинот. Иако дејството на хероинот започнува со моменти на задоволство, завршува со неколку часовна магла.



marijuanaМарихуана
Општо познато - марихуаната нЕ успорува. Ова е заради тоа што марихуаната влијае на деловите од мозокот што ги контролираат меморијата, емоциите и предрасудите. Исто така ја ослабува меморијата на краток рок, но може да блокира и информации кои се наоѓаат во долготрајната меморија.

 

alcoholАлкохол
Не е многу различен од дрогата. Може да води кон онесвестување и мемориски “црни дупки”. Го изместува видот, ја намалува координацијата на телото и покрај мозокот, го оштетува секој орган во телото.

 

cocaineКокаин
Обично кога човек конзумира кокаин, најчесто губи интерес за многу области од неговиот живот, вклучувајки го училиштето, спортот, фамилијата и неговите пријатели. Предизвикува параноја и возбуденост. Иако најчесто се конзумира за подобри сексуални изведби, кокаинот ја намалува способноста на мозокот да се чувствува задоволство.


inhalantiИнхаланти
Инхалантите како што се: лепак, лакот за коса, боја за бојадисување на ѕидови сепак имаат исто дејство како дрогата. Го стимулираат мозокот скоро во истиот момент кога се конзумираат. Ја намалуваат или ја стопираат нервната трансмиција, ја намалуваат способноста за учење, паметење и решавање на проблеми.

 

ekstaziЕкстаза
Фантазија или реалност?! - е најголемиот проблем кога се конзумира оваа дрога. Истражувањата покажаа дека екстази буквално уништува мозочни клетки. Како и останатите дроги, и оваа влијае на меморијата, предизвикува возбуденост, параноја и збунетост.

 

lsdЛСД
Најчесто луѓето го користат за ја зголемат чувствителноста на сетилата. Како и останатите и оваа предизвикува параноја, конфузија и напади на паника. Како екстазата, се случува да е тешко да се направи разлика помеѓу реалноста и фантазијата.



tutunТутун
Влијае на мозокот мнгоу бзро - како инхалантите, продуцира чувства на задоволство - како кокаинот, и е крајно зависен - како хероинот.....каква комбинација? :-)

Би можело да ве интересира:

Кои лекови се токсични откако ќе им помине рокот на траење, според фармацевт? Додека парацетамолот кој е добро затворен има само намалена ефикасност откако ќе...
Рефлукс - што го предизвикува и како да го контролирате? Доколку чувствувате печење веднаш под градите и киселини повеќепати неделно, вре...
Херпес на уста - Зошто се појавува и како да го третирате? Откако ќе се зарази со вирусот, личноста ќе го носи во себе до крајот на својот ...
8 можни знаци за дијабетес кои не треба да ги игнорирате Необјасниво слабеење, замаглен вид, но и темна и задебелена кожа на вратот, пазу...
Кои се симптомите на цистит и можете ли да се лекувате сами? Ако имате благи симптоми кои траат ден-два, можно е воспалението да помине само....
Зошто е важен витаминот Д (особено за деца) и кога треба да земате суплементи? Витаминот Д се создава во организмот со изложеност на сонце, но некогаш ова не е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg