Имелата во борба против рак

Со години луѓето ја користеа имелата како изговор да ги бакнат личностите кои потајно ги сакуваат за време на Божиќните и Новогодишните празници, но...

 

... најновите истражувања покажуваат дека имелата има многу поголема моќ од побудувањето на новогодишната страст.

imelata-vo-borba-protiv-rakot1

Научниците пронајдоа екстракт од растението што  може да помогне во борбата против ракот на цревата, од кој само во Британија заболуваат 37 000 луѓе годишно.

Пациентите кои редовно го примаат третманот на имелата преку директни инекции во нивниот крвоток имаат помалку несакани последици од токсичната хемотерапија и радиотерапија. Истите, исто така живеат  подолго за разлика од оние кои не ја примаат.

Се смета дека екстрактот помага на човековиот имунитетен систем во борбата со туморот и го забрзува процесот на исфрлање на токсичните остатоци од хемотерапијата.

Истражувањето инволвирало 429 пациенти заболени од рак кои биле под терапија на имелата и 375 пациенти болни од рак кои биле под дејство на традиционални третмани.

Резултатите покажаа дека само 18% од пациентите биле под дејство на третманот на имелата имале несакани ефекти од хемотерапијата за разлика од 48% од другата група на пациенти.

Одговорниот кој го водел ова истражување, Проф. Курт Цанкер, од Германскиот институт за имунологија и експериментална онкологија, заклучил “Резултатите потврдуваат дека постои голема придобивка од третманот со екстракт на имелата.”

Истражувањата исто така покажуваат дека третманот со екстракти на имела дава 32% можност на продолжување на животниот век на пациентот за дополнителни 5 години.

Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg