10 фасцинантни фобии

10-fascinantni-fobii-povekjeСпоред Националниот Институт за Ментално Здравје, фобијата е страв од нешто што претставува мала, или воопшто никаква опасност. Иако голем...

 

...број од фобиите ги среќаваме секојдневно – страв од височина, пајаци, јавен говор – постојат и ретки, необични и специфични.

Од страв од премногу избор, страв од путер од кикиритки, до страв од буквално се’! Прочитајте кои се едни од најнеобичните фобии.

10-fascinantni-fobii

Panphobia – страв од се'

Да имате една фобија може да биде непријатно, но барем тоа е само една работа – страв од кучиња, змии, и слично – овие работи можете да ги избегнете многу лесно. Но, за оние кои страдаат од panphobia, нема бегање! Луѓето со оваа фобија искусуваат чувство на анксиозност, или страв за било што! Поради ова тие го поминуваат животот плашејќи се од се. 

Deipnophobia – страв од вечерни забави

Секој се чувствува малку возбуден пред вечерното излегување: Кој ќе има? Со кого ќе се дружам? За што ќе збориме? Меѓутоа оние кои страдаат од deipnophobia имаат нерационален страв од ваквите вечерни излегувања. 

Mnemophobia—страв од сеќавања

Животот е полн со убави и лоши случни, кои се резултат на еден голем микс на спомени. Повеќето луѓе се навикнуваат да живеат со овие спомени, освен оние кои страдаат од mnemophobia. За овие луѓе, без разлика дали спомените се позитивни или негативни, тие се плашат од нив. Дел од нив дури стравуваат и од губење на меморијата, што се почесто и се случува кај оние кои боледуваат од Алцхајмерова болест.

Autophobia—страв да бидат сами

Autophobia е морбиден и постојан страв од осаменост. Оние кои страдаат од оваа фобија имаат страв од изолација од околината, осаменост и недостиг на љубов. Во некои случаеви оваа фобија може да дојде до екстремни димензии и личноста да развие страв од себе си.

Nomophobia—страв од губење на контакт од мобилниот телефон

Признајте дека и вие по малку припаѓате на оваа група! Ова е фобија на модерните времиња. Според Британското издание на Дејли Мејл, од оваа фобија можно е да страдаат дури 53% од британските корисници на мобилни телефони. Доколку не можат да најдат покриеност со мрежа, го изгубиле телефонот или дури и батеријата им е слаба, тие паничат! 

Allodoxaphobia—страв од избор

Велат постојат три работи за кои не се дискутира во учтив разговор: политика, религија и пари. Но, оние со аllodoxaphobia не сакаат да разговараат за ништо  што е контроверзно, тие се плашат од можноста да мораат да направат избор од неколку работи. Оние кои страдаат од оваа фобија се плашат да направат избор, да се конфронтираат, да изнезат аргументи.

Sesquipedalophobia—страв од долги зборови

Оваа фобија е доста исклучителна и бизарна за луѓето кои страдаат од неа – тие дури не смеат ни да го изговорат името на фобијата од која страдаат без да се  почуствуваат анксиозни и возбудени. Големите зборови им иницираат паника и забрзано тропање на срцето. 

Phobophobia—страв од фобии

Сите овие фобии звучат страшно и ослабувачки. Предизвикуваат анксиозност, паника, депресија или некоја друга физичка манифестација на страв. Знаејќи го сето ова, нормално е дека никој не би сакал да има фобија од нешто, но некогаш стравот може да излезе од контрола. Тоа е случајот со Phobophobia, оние кои имаат фобија од фобии. 

Optophobia—страв од отворање на нечии очи

Кога ќе се родат бебињата, прво нешто што прават ги отвораат нивните очи. Ист е и случајот кога луѓето се будат секое утро, што ја прави оваа фобија мошне голем проблем за оние кои страдаат од неа.

Arachibutyrophobia—страв од заглавување на путер од кикиритки во нечија уста

Во последно време алергиите од кикиритки стануваат голем проблем. Можеби тоа е и причината поради која што оваа фобија се појавува се почесто.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Суптилни симптоми на рак на јајници (кој се лекува многу полесно ако е рано детектиран) Крвавењето меѓу менструации и по менопауза обично е знак за некаков проблем, а н...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Симптоми кои ви е срам да ги споделите со лекар, но може да се знак за ректален рак Симптомите како крв во столицата некогаш може да бидат знак за рак на ректумот. ...
Шест навики со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста Постојано размислувате за најлошото можно сценарио и неопходно ви е туѓо признан...
Првпат во Македонија испечатен 3Д имплант за нос - пациентот го загубил носот од малигна болест Компанијата 3DLoom, во соработка со проф. д-р Софија Пејкова од Универзитетската...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg