Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Деменцијата е болест на иднината: до 2050 година, 1/5 од светот ќе биде дементна

Според новото истражување на Институтот за здравствена метрика и евалуација на Универзитетот Вашингтон во Сиетл, се очекува околу 153 милиони луѓе ширум светот да станат дементни до 2050 година. Ема Николс од Универзитетот Вашингтон во Сиетл спровела истражувања во областа на јавното здравје во 195 земји.

Demencijata-e-bolest-na-idninata-01.jpg

Бројот на луѓе кои страдаат од деменција и когнитивни болести кои ја одземаат меморијата е поврзан со националните трендови и ризични фактори, вклучително дебелината, дијабетот, ниското образование и пушењето, покажува истражувањето.

Се предвидува дека населението од Северна Африка, Блискиот Исток и Сахара ќе доживее најголем пораст на бројот на заболени од деменција. Спротивно на тоа, студијата покажала помал раст на бројот на пациенти во побогатите земји од азиско-пацифичкиот регион и во Западна Европа.

Кај жените кои живеат со деменција, болеста ќе продолжи да се шири, бидејќи истражувањата покажуваат дека поради комбинација на генетски фактори на ризик и подолгиот животен век, ризикот од деменција се зголемува со возраста.

Поради ова, официјалните лица во некои земји се обидуваат да смислат насочена политика за да се справат со ризикот од деменција која е седма на списокот на водечки причини за смрт во светот.

Производителите на лекови, исто така, се обидуваат да осмислат комбинација од терапии.

„Дури и скромниот напредок во спречувањето или одложувањето на деменцијата одлично би се исплатил“, вели авторката на студијата Ема Николс

Таа посочува дека за добри резултати потребно е да се намали изложеноста на главните ризични фактори во секоја земја. 

demencijata-e-bolest-na-idninata-do-2050-godina-1-5-od-svetot-ke-bide-dementna-02.jpg

Како можете да го намалите ризикот од деменција?

Иако не е позната точната причина за појава на деменција, како што наведува истражувањето, постојат неколку фактори што можат да го зголемат ризикот од нејзина појава.

Покрај генетиката и возраста, постојат и ризични фактори врз кои сепак можеме да влијаеме, а за кои новото истражување вели дека се можеби најголемите причини зошто ќе видиме пораст на лица со оваа болест.

На пример, некои истражувања покажале дека пушењето значително го зголемува ризикот од деменција.

Исто така, и претераното консумирање алкохол може да има лошо влијание. Во овој случај, нема потреба целосно да се откажете од алкохолот, туку да бидете умерени.

И високиот „лош“ холестерол може да го зголеми ризикот од деменција, што значи добро би било да обрнувате повеќе внимание на вашата исхрана.

Според Stanford Health Care, постојат неколку работи што можете да ги направите за да го намалите ризикот од оваа болест:

  • Не пушете
  • Одржувајте ја оптималната телесна тежина
  • Вежбајте
  • Јадете здрава храна
  • Не ги игнорирајте здравствените проблеми како висок крвен притисок и висок холестерол
  • Редовно активирајте го мозокот со активности како читање, решавање крстозбори и слично

Постои ли лек за деменција?

За жал, сè уште нема лек за деменција, но постојат терапии кои ги подобруваат менталната функција и расположението кај лицата со оваа болест.

Целта на овие терапии е да се подобри квалитетот на животот на заболеното лице.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
Синдром на вампир, човек-камен: 10 најчудни ретки болести (нема да верувате дека постојат) Овие болести се толку ретки што за повеќето луѓе звучат неверојатно, но тие нави...
Работи што ортопедите никогаш не би ги направиле (а не треба ни вие) Трчање со несоодветни патики, одење боси низ хотелска соба – со кои грешки си го...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Што е маститис, кои се симптомите и ризик фактори за негово појавување? Маститисот на лактација, кој се појавува кога жените дојат, може да биде нависти...
Суптилни знаци дека некоја сакана личност е пред нервен слом (и треба да ѝ помогнете) Чувствува параноја, има проблеми на работа или на училиште и, генерално, се одне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg