„Татко ми има биполарно растројство - како ми изгледаше растењето со него?“

„Татко ми беше здрав во поголем дел од моето детство, но мајка ми знаеше да каже: ‘Зошто кога некој има срцев удар, соседите доаѓаат да му помогнат, а кога некој има криза со менталното здравје, никој не се јавува?’“

tatko-mi-ima-bipolarno-rastrojstvo-kako-mi-izgledashe-rastenje-so-nego-01.jpg

Кели Бурш е новинарка од Англија која за магазинот Insider раскажува како ѝ изгледало растењето со родител со биполарно растројство.

Приказната на Кели:

„Татко ми беше сликар, автор и мотоциклист кој уживаше во долгите возења крај брегот и никогаш не одеше по директната рута до оредена дестинација.

Секогаш одеше да навива за брат ми на неговите фудбалски натпревари. Тој беше само уште еден татко со милион карактеристики, и добри и лоши.

Kaко и секој тинејџер имав периоди кога бев ужасната од некои негови потези и периоди кога блескав од гордост.

tatko-mi-ima-bipolarno-rastrojstvo-kako-mi-izgledashe-rastenje-so-nego-02.jpg

Отсекогаш знаев дека однесувањето на татко ми е поврзано, барем делумно, со неговата дијагноза – биполарно растројство. Биполарното растројство, како и другите нарушувања, се манифестира сосема различно кај различни луѓе, а кај татко ми се манифестираше така што тој секогаш беше во динамична трка по некоја нова голема идеја.

Животот ми изгледаше сличен како и на другите деца и тинејџери, сепак растењето со родител со ментална болест е работа која ме дефинираше во текот на целиот мој живот, а кога влегов во 30-тите години од мојот живот, влијаеше на мене многу и тоа секојдневно.

Приказната продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Ниско ниво на тестостерон: Кои се најчестите симптоми и може ли да се спречи? Намаленото либидо и еректилната дисфункција се едни од најчестите симптоми на ни...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сопругот ме омаловажува и навредува – Може ли да се промени?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg