Хороскоп за Близнаци


Астрологија

Дневен хороскоп

Близнаци Близнаци
 21.05-20.06

Дневен хороскоп за Близнаци - вторник, 21 септември 2021

Мора да почнете да правите разлика помеѓу соништата и реалноста и да бидете пореалистични во врска со вашите цели. На работното место избегнувајте ги жестоките расправии, а ако сакате надредените да го забележат вашиот труд, мора да покажете некаков резултат. На поле љубов имате превисоки очекувања. Добро размислете што е навистина изводливо пред да побарате што било од партнерот.

Неделен хороскоп

Близнаци Близнаци
 21.05-20.06

Љубов Работа Здравје
5 4 4

20 до 26 септември 2021

Љубов: Љубоморните сцени претставуваат составен дел на љубовната игра. Партнерот секогаш нешто ќе згреши. Можеби тоа го прави намерно за врската да биде повозбудлива. Ако сте сами, на пократко патување или преку социјалните мрежи може да запознаете интересна личност.

Работа: Задоволно ги триете рацете и ги броите парите. Се исплати она во што сте вложувале. Имате доволно сила лесно да се изборите со проблемите, особено ако имате поддршка од повозрасна личност. Периодот на заслуги за вас допрва почнува. Односите со луѓето градете ги на доверба.

Здравје: Ако и понатаму претерувате со задоволствата, здравјето ќе ви биде на удар, пред сè ќе се појават проблеми со холестеролот.

Совет: Гледајте долгорочно.

Месечен хороскоп

Близнаци Близнаци
 21.05-20.06

септември 2021

Работа: Кога станува збор за кариерата, Близнаците кои работат во областа на уметноста или медиумите, може да очекуваат одличен напредок или зголемување на платата. Навистина многу се трудите да дојдете до ова место, но пред вас има и подобри денови. Близнаците кои имаат приватен бизнис може да се соочат со разни пречки на работа, ова ќе биде тежок период и многу е важно уште сега да мислите за стратегијата која може да ја прошири или подобри работата. Парите ви се главната грижа која ве оптоварува, но ситуацијата ќе биде јасна до крајот на месецот и ќе успеете да ги исплатите обврските кои ве чекаат. Невработените Близнаци ќе добијат можност да се вработат во областа на сообраќајот, просветата, забавата и областите каде што се стручни. Хонорарните работи може да ви донесат добивка.

Љубов: Пред вас е период во кој ќе бидете посветени на себеси, а партнерот тоа може да го дефинира како себичност, иако далеку е од тоа. За да пронајдете баланс во својата врска или брак, треба да разговарате со партнерот ако ви е потребен простор. Сосема е во ред неколку дена да им посветите на своите мисли и работи за да донесете прави одлуки за иднината. Ќе има расправии, особено кон средината на месецот и тоа најмногу поради финансиите. Тоа може да влијае на вашиот однос, затоа бидете внимателни во комуникацијата. Без навреди и без преголема тензија, обидете се да ги решите проблемите кои настанале. Слободните Близнаци овој месец имаат прилика да запознаат личност во која ќе се вљубат за кратко време, па очекувајте романса до крајот на септември.

Здравје: На почетокот на септември ќе бидете склони кон проблеми со органите за варење, важно е да внимавате со што се храните и да земате само свежа и проверена храна за да не дојде до труење. Ќе бидете подложни на бактериски инфекции и алергии. Во втората половина на септември ве очекува стабилно здравје.

Годишен хороскоп

Близнаци Близнаци
 21.05-20.06

2021

2021-ва нема да биде лесна за Близнаците, но ќе помине во знакот на среќен семеен живот, успешен пристап кон достигнување на целите и соништата и потребата да еволуирате професионално.

Ако бидеме искрени, 2021-ва се очекува да биде година со предизвици, но ќе донесе многу задоволство за Близнаците, а посебно август и септември ќе бидат добри месеци за успех и финализирање на некои планови.

Во 2021, љубопитноста ќе ви дозволи да си најдете нови кариерни можности на кои претходно не сте размислувале, а ќе ве стимулираат да го покажете најдоброто од себе.

Во текот на годината се очекуваат многу патувања за Близнаците, а оние кои се слободни може токму на некое од нив да си ја пронајдат сродната душа.

Мажите во овој знак ќе се чувствуваат подобро и позадоволно со себе за разлика од претходно, полни со ентузијазам. Сепак, можно е да дојде до двоумење во своите избори, но кога ќе дојде вистинското време, ќе знаете што треба да направите.

Жените Близнаци ќе покажуваат знаци на агресивност кон оние што не се согласуваат со нив, иако не е типично за нив. Ќе бидат ментално поранливи и финансиите ќе им бидат главна грижа, но мора да бидат поддршка за семејството. Не ги пропуштајте шансите што ви ги нуди 2021.

 

Финансии и работа

Во периодот од мај до јуни, кога Меркур ќе биде ретрограден, ви се советува да избегнувате големи промени и договори, или барем добро да отворите очи и да обрнете внимание каде го оставате вашиот потпис и податоци.

Иако пролетниот период е ризичен за драстични промени, сепак некои одлуки кои ќе ги донесете од април до јуни, ќе влијаат на тоа дали ќе живеете со броени пари или ќе може да си дозволите нешто повеќе.

Пожелно е да се потрудите да затворите што е можно повеќе долгови и да не дозволувате да се одолговлекуваат во текот на годината.

Можни се неочекувани финансиски приходи, но не порано од крајот на годината, па ќе мора добро да го организирате буџетот.

Финансиската ситуација ќе ви зависи од бројни професионални можности. Овие шанси ќе започнат да ви се појавуваат околу март 2021.

Оние кои работат професии во кои имаат можност да го покажат својот талент, односно во доменот на уметноста, медиумите или образование, ќе бидат исполнети со работа и може да заработат дополнителен приход, а соработките ќе се подобрат од септември.

 

Љубов

Посветени сте повеќе од кога било да изградите долгорочна и цврста врска со личноста која ја сакате.

Ќе поминувате низ подеми и падови во љубовниот живот, но нема да дозволите стресни ситуации да влијаат. Ќе се стремите да направите љубовниот живот да ви биде мед и млеко, а месеците мај и јули се најдобри за склучување брак кај Близнаците.

Слободните Близнаци ќе продолжат да флертуваат каде ќе стигнат, но многу неочекувано може да се појави посебна личност во нивниот живот.

Венера ќе има големо влијание врз личните и љубовните односи, кај кои ќе дојде до промени во мај и јуни. Во овој период може да џзапознаете многу важни луѓе, кои се на иста бранова должина како вас.

Старите проблеми и барањето вина може да ви предизвика пречки во љубовниот живот околу август и септември, но од крајот на септември ќе дојде до подобрувања и ширењето на „партнерството“ ќе започне.

 

Здравје

Оние кои патат од проблеми со дишењето и дишните патишта, во периодот од август до септември во 2021 можеби ќе мора посериозно да пристапат кон проблемот.

Генерално здравјето ви е во добра состојба, но ќе мора да се грижите повеќе за себе и да покажете одговорност кон редовните контроли и превенцијата од несакани ситуации.

Ќе ви биде чувствителен и системот за варење, што ќе биде директно поврзан со стресот.

Избегнувајте храна која ви ја намалува енергијата и ви влијае на заморот, фокусирајте се на здрава и свежа исхрана

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg