Астрологија

Дневен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

Дневен хороскоп за Стрелец - недела, 2 април 2023

Денес ќе имате интересна средба со некој што не сте го виделе одамна. Дури и да се работи за личност што не ја сакавте во минатото, не избрзувајте со лоши заклучоци, туку прифатете ја поканата за дружење. Стрелците што се во врска ќе имаат хармоничен ден, а слободните ќе се посветат на најблиското семејство. Одморете се, ве очекува напорна работна недела.

Неделен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

Љубов Работа Здравје
5 4 4

27 март до 2 април 2023

Љубов: Стрелците оваа недела ќе чувствуваат поголемо разбирање во емотивната врска, па ќе има позитивно поместување во односите со партнерот. Ги расчистивте сите недоразбирања. Го имате целосното внимание на вашиот партнер. Слободните припадници на знакот би можеле да имаат некое значајно познанство.

Работа: Во овој период ќе имате многу ентузијазам и позитивна енергија, а со тоа ќе имате силно влијание врз вашата околина. Сепак, немојте да се чудите доколку вашата потреба за активност не се пренесе на сите ваши соработници. Имајте на ум дека секогаш има скептици. Можна е промена на работното место.

Здравје: Добро сте расположени. Се чувствувате добро, иако напливот на збунувачки емоции ви носи неконтролирани промени во расположението.

Совет: Од време на време застанете.

Месечен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

април 2023

Работа: Од суштинско значење е да останете доследни на вашите цели и да бидете искрени за вашиот пат кон успехот. Бидете практични за да го задржите вистинскиот правец. Време е да се потпрете на своите способности, да имате повеќе доверба во себе и да ја завршите започнатата работа. Избегнувајте конфликти со колегите и постарите, бидејќи тоа може да ве спречи во остварувањето на вашите цели и одржувајте хармонија во деловното опкружување и работното место. Постои чувство на неизвесност за вашата иднина, што ќе влијае на вашата способност за донесување одлуки.

Љубов: Понекогаш треба да научите и да премолчите, особено во моментите кога се случуваат недоразбирања и конфликти. Вложете енергија и внимание во изнаоѓање компромис во секоја ситуација. Покажете му на партнерот дека се грижите, дека може да се потпре на вас и дека ги почитувате неговите желби и потреби. Тоа не е особено голем напор за вас, но ќе ја врати хармонијата во вашата врска. Ако сте сами, вашиот шарм ќе привлече внимание и симпатии. Ќе можете да се поврзете со некој што ви се допаѓа, но доколку сакате сериозна врска, треба да бидете посветени и да размислувате трезвено.

Здравје: Ова е поволен период на поле здравје и ментална рамнотежа. Доколку ве мачеле некои акутни или хронични здравствени проблеми, ќе почувствувате олеснување. Ако имате проблеми со анксиозност или несоница, можете да најдете рамнотежа и смиреност во духовните практики, како и во умерената физичка активност.

Годишен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

2023

Годишниот хороскоп предвидува поголемо ниво на енергија за Стрелците во 2023, споредено со претходни години, сите фрустрации и грижи од минатото ќе избледат, а ѕвездите ќе се погрижат да се чувствувате подобро и да бидете подобри во секое поле.

Не очекувајте дека секоја работа ќе биде решена во истиот момент кога ќе се појави како проблем или обврска, но секојпат ќе ја гледате светлината на крајот од тунелот, иако можеби патот ќе биде подолг.

2023 е една од годините кои се најпогодни во вашиот живот во поглед на напредок во кариерата, искористете ја вашата креативност и менаџирајте ги професионалните обврски и способности добро, компензирајќи со одмор и релаксација.  

Делата ќе зборуваат повеќе зборовите, па дозволете да си го направат своето кога ќе имате да докажете нешто, независно на кое поле од животот.

Внимавајте успесите да не ве направат арогантни во односот со другите луѓе и негувајте ги пријателствата, бидете позрели емотивно и избегнувајте импулсивност.

Бидете практични, следете ги фактите, влегувате во нова фаза која ќе трае во наредните неколку години и работите нема да се движат како досега.

Работа и финансии

Од изминатата година, Стрелците се подлежни на нови животни лекции кои ги прават посериозни и темелни. Личните достигнувања ќе се одразат на професионален план во 2023 година, преку промени во работниот стил, способностите за лидерство и преземање иницијатива.

Од родените во овој знак се очекува постојан напредок на деловно поле, но очекувајте дека од некои постапки, одлуки и дела, резултатите ќе пристигнат подоцна, со оглед на тоа што ќе биде процес.

Во првата половина од годината бидете внимателни да не влегувате во ризични бизнис зделки и добро анализирајте ги понудите, но никогаш не ги одбивајте веднаш.

Во овој период може да наидете и на многу сопки од луѓе кои ќе се обидат да ја загрозат вашата позиција, но ќе успеете да се справите со упорност и труд.

Втората половина од годината ќе ви донесе посигурни шанси, посебно доколку имате свој бизнис или сакате да се пробате со нешто свое, а кај многумина ова може да се оствари со помош на партнер, можеби и со животниот партнер.

Што се однесува до пари, хороскопот најавува дека 2023 ќе донесе секаков тип на неизбежни трошоци.

И покрај трудот да ги намалите трошењата, постојано ќе излегуваат трошоци или сами ќе си наоѓате изговори да потрошите пари на нешто. Не правете никакви планови поврзани со позајмување пари или должење.

Кога ќе се појави шанса за дополнителен приход, а не ви звучи како да ќе ве направи милионер, прифатете ја во секој случај бидејќи секој дополнителен приход е исплатлив.

Избегнувајте ризични инвестиции, нелегални бизниси и заработка на брзи, но несигурни пари, посебно на почетокот на годината.

Приоритизирајте ги плаќањата кои резултираат со камата или пенали, за да намалите ризик во иднина. Втората половина на годината се очекува да биде попросперитетна.

Љубов

Ова ќе биде едно од најкомплицираните поглавја во животот на Стрелците во 2023, што ќе ви донесе по некоја главоболка, но не се плашете од промените.

Годината ќе донесе многу предизвици, искушенија на кои тешко ќе одолеете, ќе наоѓате многу замерки и несовршености и ќе ја нарушувате хармонијата со тоа.

Многу од Стрелците кои се во врска ќе наидат на неугодности и односите ќе ви бидат како на стаклени нозе до летниот период и многумина ќе размислуваат на излегување од врска/брак.

Оние кои ќе успеат да го пребродат периодот, сериозно ќе почнат да размислуваат за стапување во брак, зголемување на семејството или друг посериозен чекор со кој ќе ја крунисаат љубовта по тешката бура.

Втората половина од годината носи стабилност за Стрелците и ќе бидете посветени на семејство и домаќински живот, гестови на љубов, романтика.

Слободните Стрелци пак, годинава ќе зрачат со посебна енергија и заводливост, сензуалност и ќе привлекуваат внимание каде и да се појават.

Без срам и сосема релаксирано ќе испраќаат сигнали на додворување и ќе ги освојуваат сите – и тие што сакаат и тие што не сакаат да ги заведат.

Најголем број од слободните припадници на овој знак кои уживаат во овој статус, успешно ќе избегнуваат сериозни врски и бракови, но за оние кои си ја бараат сродната душа, има добри вести.

Состаноците на слепо може да вродат со плод, а можеби вашата сродна душа која ќе ја пронајдете во знакот на 2023, ќе биде во знакот на Лав, Стрелец, Водолија, Овен и Вага.

Здравје

Тоа што се случуваат промени на повеќе полиња од животот и динамичното темпо и случувања во секојдневието, ќе ги доживувате малку повеќе стресно од што треба.

Овој пристап ќе се одрази и на поле здравје, а на тоа може да ве потсетат некои чести симптоми и состојби кои ви се повторуваат во вакви случаи.

Не ги доживувајте стресно сите промени, некои од нив се за ваше добро и секогаш има причина зошто се случуваат – постои решение и добар крај за секоја од нив.

Втората половина од 2023 ќе биде подобра за здравјето на Стрелците, доколку самите научат да се грижат за себе, да превенираат и да не ризикуваат.

Патувајте повеќе, дружете се и работете на социјалниот живот со цел да се релаксирате ментално и да избегнете проблеми на ова поле.

Оние кои го планираат следното поглавје во љубовниот живот и проширување на семејството, да бидат внимателни со исхраната и стилот на живот пред и во текот на бременоста.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg