8 алтернативни начини да го искористите омекнувачот за облека (а да не е за перење)

Од чистење на дамките од дезодоранс на облеката, до вадење налепници од стаклото на автомобилот – омекнувачот за облека може да има и други примени во домот…

8-alternativni-nachini-da-go-iskoristite-omeknuvachot-za-alishta-vo-domot-a-da-ne-e-za-perenje-obleka-001.jpg

Омекнувачот за облека освен што се користи во перењето, може да се употребува и во домаќинството.

Со омекнувачот може да се исчистат прозорците и огледалата, да се отстранат дамките од дезодорансот од облеката, но и маснотиите од шпоретот.

Во продолжение прочитајте за што сè можете да го искористите омекнувачот за облека во домот:

Наместо освежувач во казанчето во тоалетот

Кога ќе ви се потрошат мирисливи топчиња или гелот за шолја, можете да ставите малку омекнувач за облека во казанчето во тоалетот.

Омекнувачот нема да го оштети самото казанче, а тоалетот ќе мириса пријатно откако ќе пуштите вода.

8-alternativni-nachini-kako-da-go-iskoristite-omeknuvachot-za-alishta-vo-domot-a-da-ne-e-za-perenje-obleka-02.jpg

Исчистете ги загорените тави и тенџериња

Загорените тави и тенџериња се чистат тешко и најчесто треба да триете многу за да го извадите загорениот дел.

Наместо тоа, во тавата ставете една лажица омекнувач растворен во малку топла вода.

Оставете го да отстои преку ноќ, па миењето следното утро ќе ви биде многу полесно.

8-alternativni-nachini-kako-da-go-iskoristite-omeknuvachot-za-alishta-vo-domot-a-da-ne-e-za-perenje-obleka-04.jpg

Ги чисти дамките од бигор

На вратите на туш кабината или на славината често се појавуваат дамки од бигор, кои прават чистата бања да делува валкано.

Иако постојат специјални средства за чистење што можете да ги користите за ова, омекнувачот е одлична алтернатива.

Растворете ½ чаша омекнувач во ½ чаша топла вода и испрскајте ја на површината. Исчистете ја со сунѓер и оставете го местото да се исуши.

Дамките ќе се избришат, а ќе го нема ни тешкиот мирис на средство за чистење во воздухот.

8-alternativni-nachini-kako-da-go-iskoristite-omeknuvachot-za-alishta-vo-domot-a-da-ne-e-za-perenje-obleka-05.jpg

За чистење огледала и прозорци

Во шишенце со распрскувач ставете топла вода и 2 капачиња омекнувач за облека.

Со течноста испрскајте ги огледалата или прозорците и пребришете ги.

Прашината, дамките од вода и останатите дамки ќе се исчистат лесно.

8-alternativni-nachini-kako-da-go-iskoristite-omeknuvachot-za-alishta-vo-domot-a-da-ne-e-za-perenje-obleka-03.jpg

Уште 4 совети на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Како да ја „спасите“ овенатата марула и уште 9 корисни кујнски трикови Како најлесно да ги исечете печурките, но и како да ја „спасите“ овенатата краст...
Корисни трикови со кои ќе го средите хаосот и во најмалата кујна Ротирачка полица за зачините, посебна кутија за вреќички чај и закачени лажици з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg