9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката
Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушарата, не ви се отвора машината за перење... Со овие трикови лесно ќе го решите секој проблем.

Колкупати ви се случило да немате пегла при рака, а да мора да ја испеглате облеката? Или, да не можете да ја отстраните гумата за џвакање од облеката?
Прочитајте ги овие едноставни, а корисни совети, кои сигурно ќе ви се најдат:
Ако не можете да ја отворите вратата од машината за перење, ставете јаже околу неа, па едниот крај префрлете го преку другиот (како кога почнувате да врзувате јазол) и повлечете силно кон вас - вратата ќе се отвори веднаш.

Ако немате доволно место на сушарата (или јажето за сушење), облеката наредете ја на закачалки.

Немате пегла, а мора да ја испеглате облеката? Во метален сад ставете жешка вода и со него преминете преку облеката. Секако, осигурете се дека садот е беспрекорно чист за да не оставите траги на облеката.

Направете сами сушара за чорапи: исечете пластично шише, направете дупки и во секоја од нив ставете метална штипка на која ќе ги закачите чорапите.

За да не проаѓате со пеглата преку копчињата на облеката, заштитете ги со лажица.

Уште еден начин да ја исправите стутканата облека е да ставите ќеса во нејзината внатрешност и потоа да дувате со фен - топлиот воздух ќе ја „испегла“.

За најлесно да ја извадите гумата за џвакање од облеката, преку неа поминете со коцка мраз. Штом ќе се стврдне, ќе ја извадите без проблем.

Дамките од мастило од пенкало исчистете ги со лак за коса. Врз дамката прво испрскајте од лакот за коса, потоа навлажнете го со многу малку вода и тријте ја дамката, па дури потоа ставете ја облеката за перење.

За да го исчистите долниот дел од пеглата, најпрво вклучете ја на висока температура. На штицата за пеглање ставете стара ткаенина, како маица што не ви треба, па ставете сол. Додека е пеглата жешка, со неа поминете преку солта - за неколку минути ќе биде чиста.

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека
Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна
Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус
Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење
Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...