6 работи кои непотребно ги чистите многу често (и ги оштетувате)
Прашината од дрвениот мебел собирајте ја со влажна микрофибер крпа, а средствата како политура е подобро да ги користите само двапати месечно или најмногу еднаш неделно.
Повеќето од нас сметаат дека што почесто чистиме сè во домот, толку подобро.
Но, во некои ситуации, претераното чистење може да ви предизвика повеќе проблеми отколку да ви биде од помош.
Кои работи непотребно ги чистите многу често?
Огледалото во бањата
Огледалото во бањата е изложено на многу влага. Па, ако го чистите секој ден, го изложувате на уште повеќе влага.
Доколку огледалото е залепено на ѕидот, големата изложена на влагата со текот на времето може да го ослаби лепилото. Но, дури и ако ви е закачено, со текот на времето влагата може да влезе зад стаклото, па да го оштети огледалото.
Затоа чистете го само кога ќе се извалка.
Теписи
Важно е редовно да чистите со правосмукалка, но кога се во прашање средства, користете ги само кога е неопходно.
Овие средства обично се наменети за отстранување дамки, а не за често чистење на тепихот. Бидејќи сепак не можете да ги исплакнете добро, со текот на времето ќе се акумулираат, па може да почнат да остануваат и дамки.
Ваквите средства користете ги само кога навистина има дамка на тепихот, а за темелно чистење, однесете ги теписите еднаш-двапати годишно на перење.
Дрвен мебел
Бришете прашина по потреба, но немојте многу често да користите средства за дрво на дрвениот мебел.
Овие средства оставаат тенок слој, па ако ги користите многу често, тој ќе се акумулира и може да стане леплив, со што пак ќе се собира повеќе прашина.
За бришење прашина, доволно ви е да употребите влажна микрофибер крпа, а средствата како политура користете ги двапати месечно, најмногу еднаш неделно.
Фармерки
Фармерките ќе ви траат многу подолго ако ги перете поретко. Генерално правило е да ги перете по десет носења, а за да ги дезинфицирате можете да ги ставите во замрзнувач (добро затворени во пластична кеса).
Секако, ако имаат дамки или мирисаат непријатно, тогаш исперете ги и порано.
Градници
Освен ако не сте се испотиле, градникот не треба да го перете по секое носење, туку по 3-4 носења. Со секое перење, градникот малку се растегнува и ако го перете многу често, брзо ќе се оштети.
Исто така, секогаш перете ги градниците во посебна торбичка и не ги ставајте во машина за сушење за да ви траат подолго.
Автомобилот
Внатрешниот дел на автомобилот треба да го средувате почесто, но кога станува збор за миење на надворешниот дел, не треба повеќе од двапати месечно.
Ако го миете многу често, средствата што ги користите може побрзо да ја оштетат бојата и да почне да се лупи.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





