Трагичната приказна за Алекса од Србија, момче кое се самоуби на 14 години поради малтретирање од врсници

„Алекса добивал ќотек од неговите врсници во октомври. И во ноември, и во декември. Му удриле шлаканица и пред очите на наставникот. Во јануари бил кај детски психијатар... На крај, не издржал и скокнал од третиот кат за стравот да престане, за болката да исчезне, за да го „реши проблемот“ за сите...“ И 14 години по смртта на Алекса - неговиот случај боли и освестува, а српската јавност не го заборава.

tragichnata-prikazna-za-aleksa-od-srbija-momche-koe-se-samoubi-poradi-maltretiranje-od-vrsnici-01.jpg

Tрагичната приказна за смртта на Алекса Јанковиќ од Ниш, Србија, кој се самоуби на 10 мај 2011 година, на 14-годишна возраст, поради малтретирање од страна на врсници, е болен потсетник колку е важно системот навремено и одговорно да реагира во случаи на насилство врз деца.

Според српскиот магазин „Блиц“, за смртта на Алекса никој не одговарал. Иако биле утврдени серија пропусти во работата на вработените во училиштето, случајот официјално застарел.

tragichnata-prikazna-za-aleksa-od-srbija-momche-koe-se-samoubi-poradi-maltretiranje-od-vrsnici-02.jpg

Во 2017 година, неговите родители добиле службено соопштение во кое стоело дека „и покрај сите утврдени факти и пропусти, случајот за поведување дисциплинска одговорност против одговорните во училиштето и школската управа е застарен според законските рокови“.

Од седумте малолетници кои учествувале во малтретирањето на Алекса само тројца биле казнети со воспитни мерки и тоа само засилен надзор од страна на Центарот за социјална работа.

Неговите родители се бореле да се донесе закон, кој ќе спречи вакви ситуации во иднина.

tragichnata-prikazna-za-aleksa-od-srbija-momche-koe-se-samoubi-poradi-maltretiranje-od-vrsnici-06.jpg

Но, што се однесува до „Алексиниот закон“, за кој неговите родители се труделе со години, и кој предвидувал измени на повеќе прописи со цел превенција и поостра реакција во случаи на насилство во Србија, тој никогаш не бил усвоен во целосна форма.

Овој случај не се заборава од страна на јавноста, а на Фејсбук осамна емотивен статус за него (напишан од Јована Мирковиќ).

Објавата за Алекса која ежи и освестува гласи:

„Алекса добивал ќотек од неговите врсници во октомври.
И во ноември, и во декември.

Му удриле шлаканица пред очите на наставникот кој бил со него во автомобил.
Кога наставникот излегол од автомобилот да ги опомени, „малите ангелчиња“ почнале да го нишаат возилото во кое Алекса останал сам.

Во јануари бил кај детски психијатар, каде што му било дијагностицирано посттрауматско стресно нарушување.

tragichnata-prikazna-za-aleksa-od-srbija-momche-koe-se-samoubi-poradi-maltretiranje-od-vrsnici-05.jpgфото: depositphotos.com

Добил терапија со лекови.

Дете од 14 години добило психофармаколошка терапија.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Српскиот тајкун Жељко Митровиќ се фали со парите - со ќерките и сопругата со приватен џет во Париз с... Жељко Митровиќ сними чудно видео како скока и танцува на раскошниот роденден на ...
По 2 пропаднати брака се ожени со 11 години помлада, чекаат трето дете – Која е атрактивната сопруга... „Некои велат дека сум со него заради пари, но кога го запознав тој беше на дното...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Пораснале заедно, реди успеси: Кој е роднината на Јелена Карлеуша што јавно ја брани? „Таа стои зад своите зборови и ставови и поднесува огромна жртва. Секогаш зборув...
Најемотивните објави на Марија Шерифовиќ за синот: „Ти благодарам што дојде да ме научиш повторно да... „Ти благодарам, сине. Ти благодарам што ме учиш на животот. Растеме заедно. И се...
Гоца Тржан емотивна на прославата за 10 години брак со мажот кој ѝ е сè: „Никој не веруваше дека ќе ... Гоца Тржан и 14 години помладиот Раша прославија 10 години брак на забава каде с...

Најчитани неделава