Трагичната приказна за Алекса од Србија, момче кое се самоуби на 14 години поради малтретирање од врсници
Неговата мајка, како совесен родител, ја информирала одделенската наставничка дека детето е на терапија и дека понекогаш уринира во гаќи.
Следниот ден, девојчиња го полеале Алекса со сок, така што изгледало како да уринирал во гаќи.
За да докаже дека не е така, Алекса почнал да ги откопчува панталоните, а наставничката го казнила него.

Следниот ден повторно добил ќотек, по што завршил со потрес на мозокот.
Лекарите сакале да го задржат на клиника, но Алекса не сакал – се плашел дека и таму ќе го најдат.
Родителите морале да потпишат согласност дека го носат дома на сопствена одговорност.
Од следното претепување, како „украс“ добил лонгета на раката.
Во април, полицијата влегла во училиштето.
Физичкото насилство запрело, но психичкото не.
Насилниците му се заканувале дека ќе им го запалат автомобилот на неговите родители.
Дека ќе ја силуваат мајка му.
Дека ќе го убијат татко му.

Оттаму почнало неговото компулсивно заклучување на вратата.
Морале да ја сменат бравата.
Престанал да јаде. Ја знаете онаа изрека: „Јадам, а храната ми се враќа.“
Е, тоа му се случувало на Алекса - не можел да проголта залак.