Трагичната приказна за Алекса од Србија, момче кое се самоуби на 14 години поради малтретирање од врсници
Ќотекот можеби и би можел да го заборави, но стравот од него - не.
Стравот дека во секој момент можат да повредат него или, она што изгледа за него било најнеподносливо, да ги повредат неговата мајка или татко.
Колку болка имало во неговата душа, човечкиот ум не може да поими.
Сигурно толку многу, што веќе не можел да оди, да дише, да живее на овој свет.
Скокнал од третиот кат за стравот да престане, за болката да исчезне, за да го „реши проблемот“ за сите.
И го решил - недела дена по неговата смрт, учениците од неговото училиште отишле на екскурзија.
Кога, по неговото самоубиство, полицијата дошла во училиштето, врсниците што го малтретирале се сликале пред полициско возило, глумејќи дека се уапсени.
Родителите, кои тропнале на сите можни врати барајќи помош, своето дете последен пат го виделе кога го затворале мртовечкиот сандак.
На 10 мај се навршија точно 14 години откако се самоуби.
Те паметиме, Алекса“.
С. С. | Црнобело