Најемотивните објави на Марија Шерифовиќ за синот: „Ти благодарам што дојде да ме научиш повторно да живеам“
- Детали
- вторник, 20 јануари 2026
„Ти благодарам, сине. Ти благодарам што ме учиш на животот. Растеме заедно. И секое утро се трудам да бидам подобра за себе, за да бидам најдобра за тебе“, напиша во една пригода Марија Шерифовиќ која не штеди на убави зборови, кога станува збор за нејзиниот син.

Марија Шерифовиќ новата година ја дочека со огромна благодарност и на својот Инстаграм профил напиша:
„Бев вредна. Бев трпелива. Сакав и бев сакана.
Ја слушав тишината, исто колку и аплаузот.
И за првпат во животот му дадов доволно простор на животот да ми го покаже она што порано не знаев да го видам, ниту да го чујам.
Убава годино, ти благодарам. Бидете ми здрави и сакани!“
Но, дека таа чувствува благодарност за сè што има во животот, а особено за нејзиниот син Марио, доказ се нејзините објави на Инстаграм каде постојано му се заблагодарува на животот што го добила него како подарок.
Дел од емотивните објави на Марија за синот:
„Нашата втора годишнина. Година на мојот најголем раст.
Сигурна сум во тоа. Ти благодарам, сине. Ти благодарам што ме учиш на животот.
Растеме заедно. И секое утро се трудам да бидам подобра за себе, за да бидам најдобра за тебе“.
„Сине мој, моја најголема радост. Денес, славиме заедно.
Го славиме твојот мал живот и мојот втор роденден откако бев избрана токму јас да бидам твојата мајка.
Мое нежно сино момче, колку ни ги промени животите на сите нас. Колку нè учиш на сè ти, толку мал, а толку голем.
Ти благодарам што дојде токму кај мене, за да ме научиш повторно да живеам“.
„Кога се роди, знаев и по сто пати на ден да си кажам: „Малечок мој, каде ќе одиме сега ти и јас? Каде понатаму?“
И како што минуваат деновите, сè ми станува појасно…
Овие мали, несигурни, но наши чекори – се поважни и поголеми од сите патишта по кои сум чекорела досега.
Мој компас!“
