Итри трикови кои ќе ви ги сочуваат чевлите и облеката


Итри трикови кои ќе ви ги сочуваат чевлите и облеката

Многу често омилените чевли или омиленото парче облека може да се уништи од невнимание.

itri-trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-i-oblekata-1_copy.jpg

Уште почесто не знаеме како да го решиме оштетувањето кое ни се случило, па решаваме обувките или облеката да завршат во отпад.

Зошто да се откажете од штиклите кои толку време ги чекавте на попуст или од фармерките кои идеално ви ги оцртуваат облините, а се избледени?

Итри трикови кои ќе ви се најдат:

За да ги исчистите валканите чевли од превртена кожа или кадифе, користете нежна турпија за нокти.

itri-trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-i-oblekata-2.jpg


Лакованите чевли ќе светнат како нови ако ги препрскате со средство за чистење на стакло и ги избришете со мека крпа.

itri-trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-i-oblekata-3.jpg


За да ги отстраните флеките од крв измешајте 1 литар ладна вода со 2 лажички сол и исто толку амонијак. Важно е да користите ладна вода.

itri-trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-i-oblekata-4_copy.jpg


За да ги елиминирате непријатните мириси од облеката без да ги перете, ставете ја во пластична вакум кеса и оставете ја во замрзнувач цела ноќ.

itri-trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-i-oblekata-5.jpg


Мешавината од малку оцет и ладна вода е одлична за чистење на кожените обувки.

itri-trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-i-oblekata-6.jpg


Масните дамки лесно се вадат ако врз нив веднаш ставите средство за миење садови, па потоа исперете како вообичаено.

itri-trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-i-oblekata-7.jpg


Восокот исто така може да ви помогне да ги пополните гребаниците и подвиткувањата на кожените чевли.

itri-trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-i-oblekata-8.jpg


За да го спречите осветлувањето на фармерките, следен пат кога ќе ги перете додадете малку оцет и сол во преградата за прашок за перење.

itri-trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-i-oblekata-9.jpg


За да ги исчистите чевлите од велур измешајте амонијак со вода во размер 1:3 или 1 лажиче оцет во 1 литар топла вода. Натопете на мека крпа и нежно бришете.

itri-trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-i-oblekata-10.jpg


За старите пешкири повторно да станат меки, потопете ги во солена вода. Измешајте половина шолја сол со 1 литар вода и оставете ги 3 дена во растворот.

itri-trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-i-oblekata-11.jpg


Кожените чанти најлесно се чистат со памук или стапче за уши потопено во оцет.

itri-trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-i-oblekata-12.jpg


Влакненцата и топчињата од меките материјали и џемпери брзо се отстрануваат со велкро лента.

itri-trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-i-oblekata-13.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 трикови со кои ќе ги поправите фармерките што ја изгубиле формата Сите сме се нашле во ситуација кога омилените фармерки ќе се рашират од носење и...
Како да ја исчистите кожената јакна дома? Кожената јакна е модно парче кое може да се носи речиси во секоја сезона и во мн...
4 трикови со кои свеќите ќе ви траат подолго Свеќите се украс во домот кој има и естетска, и практична намена. Различните бои...

Најчитани неделава