8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот)

Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со пегла за облека.

8-trikovi-shto-kje-vi-se-najdat-niz-domot-i-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-01.jpg

ТикТок и Инстаграм се преплавени со трикови кои го олеснуваат секојдневието.

Додека дел од нив очигледно не функционираат, постојат и многу кои сигурно ќе ви се најдат.

Неколку трикови од социјалните мрежи кои се навистина корисни:

Сечење путер со нож за лупење

Невозможно е да го размачкате путерот веднаш откако ќе го извадите од фрижидер.

Но, ако не ви се чека премногу за да омекне, можете да го исечете со помош на нож за лупење.

Помалите парчиња ќе омекнат многу побрзо.

8-trikovi-shto-kje-vi-se-najdat-niz-domot-i-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-02.jpg

Пржење јајца во постара тава

Ако сте останале без нелепливо тавче, има трик кој ќе ви помогне да ги испржите јајцата без да ви се залепат.

Секако, трикот функционира ако тавата не е премногу изгребана.

Малку загрејте ја тавата, па додајте масло. Откако ќе се загрее и маслото, со хартиен бришач за раце размачкајте го по целата површина на тавата.

Потоа веднаш ставете го јајцето.

8-trikovi-shto-kje-vi-se-najdat-niz-domot-i-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-03.jpg

Лесно протнување конец низ игла

За лесно да го протнете конецот низ иглата, ставете го конецот во дланката, како на првата фотографија.

Потоа, ставете го дупчето на иглата врз конецот, повторно како на фотографијата, притиснете го на дланката и почнете да го движите лево-десно.

Од движењето, конецот сам ќе влезе во дупчето на иглата.

8-trikovi-shto-kje-vi-se-najdat-niz-domot-i-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-04.jpg

Трик за лесно чистење влакна од миленици

Ако при рака немате самолеплива ролна или нешто за чистење влакна, може да ви послужи и вашата дланка.

Треба само да ја навлажните и да поминете со дланката по површината.

8-trikovi-shto-kje-vi-se-najdat-niz-domot-i-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
7 работи што лесно можете да ги исчистите со пена за бричење Ако го исчистите огледалото во бањата со пена за бричење, нема да се замаглува к...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...

Најчитани неделава