7 работи што лесно можете да ги исчистите со пена за бричење

Ако го исчистите огледалото во бањата со пена за бричење, нема да се замаглува кога ќе се туширате.

8-raboti-shto-mozhete-da-gi-ischistite-so-pena-za-brichenje01.jpg

Пената за бричење може да ви послужи и за чистење на некои предмети во домот.

Секако, не е секогаш исплатливо да ја користите само неа, но кога нешто е повалкано или ако во моментот немате одредено средство, може да ви се најде

Што можете да исчистите со пена за бричење?

Када

За брзо и лесно да ги отстраните остатоците од шампони и бигор, нанесете поголема количина пена за бричење во када и оставете да отстои 15-тина минути.

После можете да истриете со сунѓерче, или пак со метла (за да не мора да се наведнувате).

8-raboti-shto-mozhete-da-gi-ischistite-so-pena-za-brichenje-02_copy.JPG

Теписи

Пената за бричење може да отстрани некои дамки од тепихот.

Нанесете ја пената на дамката, па истријте ја со влажен сунѓер и оставете да се исуши преку ноќ

Следниот ден само соберете ги остатоците со правосмукалка. Секако, осигурете се дека тепихот е целосно исушен.

8-raboti-shto-mozhete-da-gi-ischistite-so-pena-za-brichenje-03.JPG

Површини од не’рѓосувачки челик

Чешми, фрижидер и генерално површините од не’рѓосувачки челик исто така можете да ги исчистите со пена за бричење.

Нанесете тенок слој од пената, па пребришете и ќе добиете светкав финиш, како да се полирани.

8-raboti-shto-mozhete-da-gi-ischistite-so-pena-za-brichenje-04.JPG

Огледала

Ако го исчистите огледалото со пена за бричење, нема да ви се замаглува додека се бањате.

8-raboti-shto-mozhete-da-gi-ischistite-so-pena-za-brichenje-05.JPG

Раце

Ако на рацете имате остатоци од масло кое не се мие лесно или, пак, лак за вода, можете да ги истриете со пена а бричење, а потоа само да ги исплакнете со вода.

8-raboti-shto-mozhete-da-gi-ischistite-so-pena-za-brichenje-06.JPG

Накит

Пената ќе има сличен ефект на накитот како и на нерѓосувачкиот челик.

Может темелно да го исчисти, а и ќе го исполира.

8-raboti-shto-mozhete-da-gi-ischistite-so-pena-za-brichenje-8.JPG

Рерна

Дамките со масло и храна лесно можат да се отстранат со пена за бричење.

На крај само осигурете се дека целосно ќе ја отстраните пената од рерната.

8-raboti-shto-mozhete-da-gi-ischistite-so-pena-za-brichenje-09.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg